BMW објави интеграција на автомобилите со Android

BMW беше еден првите светски производители на автомобили кои ја претставија интеграцијата со iPhone уредите уште во 2011 година и сега продолжува со истиот тренд 5 години подоцна.На меѓународната изложба за автомобили во Њујорк, компанијата објави дека BMW Apps веќе ќе има интеграција и со Android уредите.
Првите апликации што ќе работат со најновите модели од седмата серија на BMW ќе бидат iHeartRadio, Pandora и Spotify.
Корисниците ќе треба да ја преземат апликацијата на BMW за да можат да префрлуваат музика од телефоните со iDrive преку Bluetooth.
Android корисниците ќе уживаат во она што iOS корисниците имаат пристап подолго време – преземање песни од Pandora, користење на платени и бесплатни плејлисти во Spotify и зачувување на омилени радио станици во iHeartRadio.
Допрва ќе се пуштаат и други апликации, но засега се стартува со овие. Од Apple се доста строги кога станува збор за разработување на апликации за нивната платформа.
Како еден од првите автомобилски производители кои ги интегрираат iPhone уредите со вградениот систем за управување, BMW ужива голема поддршка од Apple и може лесно да ги тестира новите апликации дали се безбедни за време на возењето.
Спротивно на тоа, Android уредите се дел од една многу достапна средина кон Apple и тоа покренува прашања за тестирање на безбедноста, но BMW очигледно има планови како да го реши и ова прашање.
Идејата на апликациите е да се искористи слободно и безбедно од возачите, односно да не ги тераат да ги тргнуваат очите од патот, на пример за да погледнат во листата со песни.
Ако апликациите работат со iDrive, без разлика од каков мобилен оперативен систем се управува, BMW гарантира дека апликацијата нема да го оттргнува вниманието на возачите од возењето и дека е безбедна.На меѓународната изложба за автомобили во Њујорк, компанијата објави дека BMW Apps веќе ќе има интеграција и со Android уредите.
Првите апл

Пронајдете не на следниве мрежи: