Македонската кошаркарска репрезентација утре ќе биде на „Националната Арена Филип Втори“ со цел да ги поддржи фудбалските репрезентативци на Македонија да дојдат до подобар резултат на пријателскиот натпревар со Бугарија.„Младите, како и останатите љубители на спортот треба да бидат на трибините и да ја бодрат својата репрезентација и боите на својата земја. Поддршката од публиката е особено важна за спортистите, тоа не мотивира“ истакнуваат од кошаркарската федерација на Македонија.
Сево ова е како резултат на одличната соработка меѓу фудбалската и кошаркарската федерација на Македонија.
Фудбалската Федерација на Македонија веќе на неколку пати преку интересни анкети на официјалната фејсбук фан страна на Репрезентацијата на Македонија им доделуваше гратис влезници на големите фанови на нашата фудбалска репрезентација.
Пријателскиот натпревар со селекцијата на Бугарија се игра утре со почеток од 20,45 часот на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.
Извор: sitel.com.mk
Фото: ffm.com.mk (Архива / Македонија-Белгија 0:2)„Младите, како и останатите љубители на спортот треба да бидат на трибините и да ја бодрат својата репрезентациј