Боби Бобев: Секое барање на Албанците што излегува надвор од рамките на Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија, е контрапродуктивно

Секое барање на Албанците што излегува надвор од рамките на Охридскиот договор и Уставот на Република Македонија, е контрапродуктивно. Меѓународната заедница мора да изврши притисок и Албанците да учествуваат во пописот на населението. Само така ќе се разјасни точната етничка слика во земјата, пишува во колумната за БГНЕС поранешниот бугарски амбасадор во Албанија и Косово 
 
Боби Бобев пишува дека не се знае точниот број на Албанците во Македонија. „Меѓународната заедница мора да изврши притисок за да се спроведе пребројувањето на населението во Република Македонија со учество на Албанците. Така, еднаш засекогаш ќе се разјасни колкав е нивниот број во земјата. Нивното откажување од учество во пописот е сомнително“, пишува Бобев.
Според овој бугарски амбасадор т.н. албанска платформа води кон двонационалност на државата. Барањата за промена на химната и на државните симболи се исклучително тешки и сериозни прашања кои можат да доведат до сериозни тензии и спротивности во државата, пишува амбасадорот.
„Да не заборавиме дека во целиот регион Република Македонија е земја која најлесно може да биде дестабилизирана. Тоа не смее да се дозволи. Неодамна портпаролот на Али Ахмети рече дека барањата на Албанците се целосно во рамките на Охридскиот договор. Не сум убеден во тоа. Кога ја читам платформата јасно е дека дека дел од нивните барања одат подалеку од Охридскиот договор и надвор од сегашниот Устав. Мојата принципиелна позиција е дека секое барање што излегува надвор од рамките на Охридскиот рамковен договор, постигнат во 2001 година со активно посредство на ЕУ и НАТО, е контрапродуктивно. Не треба да се оди и кон барања, кои излегуваат надвор од рамките на сегашниот Устав. Откако албанските партии го потпишаа овој документ, тие имаат право да бараат негово спроведување до крај, но не треба да се оди и надвор од него… Ситуацијата во Република Македонија е премногу сложена. Со изборите на 11 декември 2016 година земјата се обиде да излезе од многу долготрајна политичка криза, која се закануваше со трајно дестабилизирање. Треба да се најде излез од кризата, нашиот југозападен сосед треба да состави своја влада, која ќе ја реализира својата политика и ќе ја смири ситуацијата во земјата“, пишува д-р Боби Бобев, кој денеска работи во Институтот за балканистика на софискиот универзитет.
Извор: БГНЕС
 
  
 
Боби Бобев пишува дека не се знае точниот број на Албанците во Македонија. „Меѓународната заедница мора да извр

Пронајдете не на следниве мрежи: