Бодибилдерот Реза Резамон (31) од Англија за малку ќе умрел од сепса што ја добил откако го каснала, ни помалку, ни повеќе – бубамара. Поточн, го каснала харлекинска (азијска) бубамара, која може да предизвика сериозни алергиски реакции, како сепса.Оваа бубамара од лани е забележана и на Балканот. Резмон бил итно пренесен во болница откако забележал дека левата нога целосно му отекла, а прстите му станале црни. Инаку, бубамарата го каснала на раката.
Оваа состојба е смртоносна за еден од тројца луѓе.
„Многу сум среќен. Веќе никогаш нема да допрам бубамара додека сум жив. Никогаш волку не сум се исплашил. Замислете, дигам 180 килограми на бенч, а за малку ќе ме убиеше бубамара. Велат дека мојот здрав начин на исхрана ми помогнал да се изборам со инфекцијата“, изјави спортистот.
Доктор Рон Даниелс кој е специјализиран за сепси, изјави дека неговиот случај е предупредување и потсетник дека оваа инфекција може да му се случи секому, па дури и на најздравите спортисти.
„Ако каснувањето од навидум банален инсект може да биде опасно по живот, обврска на сите е да знаат да ги препознаат симптомите кај децата и кај возрасните. Секоја година би можеле да спасиме илјадници животи ако се запрашаме дали се работи за сепса“, изјави доктор Даниелс.Оваа бубамара од лани е забележана и на Балканот. Резмон бил итно пренесен во болница откако забележал дека левата нога целосно му отекла, а прстит