Бодибилдерот кој СИ ГО УНИШТИ ЖИВОТОТ: Еве како изгледа ЧОВЕКОТ БЕЗ ГРАМ МАСТИ во организмот!

За многумина Андреас Мунзер бил талентиран спортист и важен член на интернационалната заедница на бодибилдери. Оние кои го познаваат го опишуваат како амбициозен и посветен спортист. Сепак , оваа амбиција имала и своја мрачна страна.Мунзер бил зависник од стероиди најголем дел од својата кариера.
Всушност, токму количината на стероиди која овој човек ја внесол во својот организам довела до неговата прерана смрт во 1996 година кога имал само 31 година.
Последните неколку месеци пред смртта Мунзер бил претставен како човек со најмал процент на масти во организмот во целиот свет. Ова му овозможило да му се види на телото буквално секој мускул што го направило и најуспешен бодибилдер.
Мунзер секојдневно вежбал во теретаната, но стероидите биле пресудни за неговиот изглед. Сепак, токму тие и биле кобни за овој спортист.
Во март 1996 година Мунзер бил примен во болница откако повеќе неможел да издржи болка во стомакот која го мачела со месеци. На крајот излегло дека има внатрешно крварење. Докторите се обиделе да направат операција но веќе било касно.

Не за долго потоа, Мунзер починал откако му откажале бубрезите и црниот дроб.
Неодамна биле објавени резултатите од аутопсијата и во нив се истакнати неколку бизарни работи. На пример, иако под кожата на Мунзер воопшто немало сало, црниот дроб му бил потполно уништен. Половина од овој орган бил прекриен со тумори со величина од тениски топчиња. Од друга страна пак срцето на Мунзер било дупло потешко во однос на срцето на една нормална личност.
Лекарите откриле траги од преку 20 различни дроги во телото на спортистот. На крајот стероидите во организмот го направиле своето а крајот бил трагичен. 
Мунзер бил зависник од стероиди најголем дел од својата кариера.
Всушност, токму количината на стероиди која овој човек ја внесол во својот

Пронајдете не на следниве мрежи: