Бог секојдневно влијае врз нас, а ние не сме свесни за тоа. Ова ќе ни ги отвори очите!

Во животот често ни се случуваат работи кои не ги разбираме, а кои имаат смисла. Дозволете оваа приказна да фрли нов поглед на работите кои ви се случуваат во животот.ЈАС: Боже, може ли нешто да те прашам? 
БОГ: Нормално.
ЈАС: Ветуваш дека нема да ми се налутиш? 
БОГ: Ветувам. 
ЈАС: Зошто дозволи толку работи да ми се случат на мене? 
БОГ: Како тоа мислиш? 
ЈАС: Па утрово се успав.
БОГ: Да.
ЈАС: Ми требаше цела вечност за да ми запали автомобилот.
БОГ: Да, видов… 
ЈАС: За ручек добив сендвич кој не го нарачав – и морав да чекам.
БОГ: И… 
ЈАС: За пат накај дома, ми се испразни батеријата токму кога имав важен повик. 
БОГ: Да, знам…
ЈАС: Како и тоа да не беше доволно, доаѓам дома и сакам да се опуштам со масажерот, а тој не работеше. Денеска не оди како што треба! Зошто дозволи тоа да ми се случи? 

БОГ: Ако заврши дозволи ми да ти објаснам.Гледаш, утрово до твојот кревет стоеше ангелот на смртта, а јас испратив еден од моите ангели да се бори за твојот живот. А за тоа време јас те пуштив да спиеш. 
ЈАС: Навистина!
БОГ: Не дозволив твојот автомобил веднаш да запали, бидејќи токму во тој момент се наоѓаше пијан возач кој ќе те удреше ако му застанеше на патот. 
ЈАС: Ах…
БОГ: Личноста која ти го подготвуваше сендвичот за ручек беше болна и не сакав да го добиеш и ти тој вирус. Знаев дека не смееш да отсуствуваш од работа. 
ЈАС: О… 
БОГ: Твојот телефон престана да работи токму кога личноста со која разговараше сакаше да те излаже и изневери во врска со некои работи, поради што можеше да ја изгубиш работата. 
ЈАС: Разбирам Боже.
БОГ: И да, оној твој нов масажер, кој го купи, имаше фабричка грешка. Ќе работеше некое време и после ке се запалеше, а и ти со него. 
ЈАС: Боже, извини што така те нападнав. 
БОГ: Не тагувај, само научи да ми веруваш… за сѐ… и во добро и во зло.
ЈАС: Да. ќе ти верувам!
БОГ: И не се сомневај бидејќи мојот план за секој твој ден е секогаш подобар од твојот. 
ЈАС: Не се сомневам и те молам дозволи ми да ти се заблагодарам за сето она што ми се случи денес. 
БОГ: Дете мое, моите очи секогаш ќе бидат вперени кон тебе, драгоцен си ми и сакам да се погрижам за тебе. Како денес, утре и засекогаш… 

Пронајдете не на следниве мрежи: