На тесните улички на Старата скопска чаршија утре /15 септември, четврток/ и на 16 септември, петок, ќе се одржат манифестациите „Звуците на чаршијата“ и „Сите заедно“„ тие ќе бидат домаќини на голем број уметници кои ќе творат и ќе ги забавуваат скопјани.Преку многубројните концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија, презентација на занаети и годинава Старата скопска чаршија ќе живее во духот на традицијата.
„Звуците на чаршијата“ е мултимедијална и мултикултурна манифестација којашто годинава се одржува по 10 пат и има за цел да потсети на заборавената традиција, да оживее некои недоволно посетени простори на Скопје и да придонесе кон еманципација на културно неизградените средини, но и да даде придонес кон континуираните активности на Градот Скопје за ревитализација на Старата скопска чаршија.
Програмата на манифестациите „Звуците на чаршијата” и „Сите заедно“, ќе биде богата, а присутните граѓани ќе имаат можност утре 15 септември /четврток/, на плоштадот Филип Втори од 21:00 часот, да уживаат во настапот на Kida&Mozzik и бендот „Тyzze”, а на 16 септември /петок/ во 12 часот да се забавуваат со Dens, потоа во изведба на староградси македонски песни, во настапот на група на млади музичари на класични инструменти, ликовна колонија, културно уметнички друштва и литературна вечер до 20 часот, а од 21 до 24 часот на плоштадот Филип Втори, ќе се одржат настапите на: Банд, Full Stop, DhurataDora, McKresa&Lirical son.
Градот Скопје од својот буџет за реализација на манифестацијата „Звуците на чаршијата“ издвои 900. 000 денари, а за „Сите заедно“ 400.000 денари.Преку многубројните концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија, презентација на занаети и годинава Старата