Основачот на кинеската платформа за онлајн трговија Алибаба, Џек Ма Џунг, изјави дека сиромашните луѓе воедно се и лоши работници.„Ако нешто им дадете бесплатно, тие ќе мислат дека е замка. Кажете им дека е мала инвестиција, ќе речат дека не можат многу да заработат. Дајте им предлог да вложат многу, ќе речат дека немаат пари. Предложете им да пробаат нови работи, ќе се жалат дека немаат искуство. Кажете им дека тоа што го работат е традиционална работа, тие ќе кажат дека е тешко да се работи. Ако им кажете да отворат продавница, ќе се жалат дека ќе немаат доволно слобода. Кога ќе им предложите да основаат бизнис, ќе одговрат дека не се доволно стручни,“ – изјави Џек Ма кој е еден од најбогатите луѓе во Кина.
Тој додаде дека сиромашните луѓе сакаат за сè да прашуваат на „Гугл“, да ги слушаат пријателите кои се безнадежни исто како нив. Тие мислат повеќе од универзитетски професори, а работат помалку од слеп човек.
„Само прашајте ги што работат и нема да можат да ви одговорат“ – истакнува Ма.
На крајот, Џек Ма дава заклучок: „Наместо вашето срце да чука побрзо, зошто едноставно не делувате побрзо? Наместо само да размислувате за нешто, зошто не направите нешто за тоа? Сиромашните луѓе пропаѓаат поради едно заедничко однесување. Нивниот живот поминува во чекање!“