Претседателот на младите на СДСМ на својата Фејсбук страница објави голема внатрепартиска победа во рамките на СДСМ, односно на кадровскиот круг околу него и неговите блиски сопартијци.За местото директор на УЈП беа заинтересирани поголем број на видни функционери на СДСМ, но пресудно беше лобирањето на крилото до сениорските спонзори на Стефан Богоев, заедно со Диме Велковски, Павле Богоевски и Рената Јајоска од СДСМ, која сеуште е незадоволна што чека функција.
Тие вешто ја кријат својата внатрепартиска победа над останатите крила во СДСМ, но Стефан Богоев не издржа да се пофали и да ја објави својата внатрепартиска победа.
Стефан Богоев – Богац на сите страни се фали дека новата директорка на УЈП Сања Лукаревска е негова другарка, преку која ќе може да ја засили својата политичка моќ и внатрешните позиции во СДСМ.
На неговиот пост, со благодарност за честитките, промоцијата и лобирањето се јави лично новата директорка на УЈП Сања Лукаревска. Обраќајќи му се на Стефан Богоев со неговиот прекар, како што го нарекуваат неговите најблиски другари, пријателки и соработници, Лукаревска јавно напиша:
„Благодарам другар Богац“.
Симптоматично е што кон Сања Лукаревска има скептицизам кај поголем број сегашни и поранешни високи функционери на СДСМ, првенствено министерот за финансии Драган Тевдовски и сегашниот заменик министер за економија Кире Наумов. Нивната загриженост е дека поради неискуството на Лукаревска се ризикува приливот на средства во државната каса, од што зависи финансиската стабилност на државните финасии.
Со скепса и загриженост за способноста и неискуството на младата Сања Лукаревска низ кулораите коментираат Зоран Јовановски, поранешен потпретседател на СДСМ и поранешниот министер за финансии на СДСМ Никола Попоски.
Инаку, пред неколку денови новата шефица на УЈП најави засилени контроли, казни и репресии врз фирмите, дуќаните и стопанството, затоа што владата на Зоран Заев едноставно нема доволно пари за сите ветувања што ги даде.
Падот во приходите на државно ниво во првите месеци на владата на СДСМ е 3,6 проценти.
Истовремено, растат и долговите на Владата на СДСМ, која во првите 35 денови го зголеми државниот долг за 60 милиони евра , со што во секој час го зголемува долгот за 73.000 евра секоја минута го зголемува долгот за 1.200 евра, односно секоја секунда за 20,4 евра (1.250 денари).За местото директор на УЈП беа заинтересирани поголем број на видни функционери на СДСМ, но пресудно беше лобирањето на крилото до сениорските спон