Богов: Македонија да ја стабилизира политичката ситуација

Курсот на денарот ќе остане стабилен, земјата нема да падне во инфлација, не се очекуваат проблеми кај девизните резерви, а поголеми ризици носи континуираната политичка криза која втора година се рефлектира кај кредитирањето.
 Ова го истакна гувернерот на НБРМ Димитар Богов денеска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет каде на дневен ред беше Извештајот за работата на НБРМ за 2015 година.
Тој додаде дека поради политичката криза, земјата минатата година не го оствари планираниот раст од 4 отсто.
– Стабилноста на курсот на денарот во однос на еврото гарантира дека нема да има големи турбуленции и кај нашите извозници. Тие главно извезуваат кон еврозоната, кон земји кои се деноминирани во евро, така што тука не треба да има дилема. Ниска инфлација и стабилен курс на денарот останува како политика на Народната банка  и во наредниот период, истакна Богов.
Според него нестабилните глобални финансиски движења ќе продолжат и во наредните години, а неизвесноста ќе расте доколку и други земји од ЕУ решат да го следат британскиот чекор.
– Македонија да ја стабилизира политичката ситуација, бидејќи во турбулентни времиња какви што претстојат по излезот на Британија од ЕУ, на земјата и требаат намалени ризици, порача  гувернерот Богов.
Тој додаде дека Македонија е мала економија и оти ние не можеме да влијаеме на глобалните движења, но потенцира дека  она низ што ќе поминува економијата на Европската унија ќе има влијание и на нашата економија, затоа што македонската економија е извозно ориентирана кон ЕУ и од тоа не може да избегамеОва го истакна гувернерот на НБРМ Димитар Богов денеска на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет каде на дневен ред беше Извешт

Пронајдете не на следниве мрежи: