Бојата и обликот на СТОЛИЦАТА откриваат од што боледувате

Дали имате навика да обрнете внимание на својата столица после нуждата? Секако би требало да го правите тоа, бидејќи таа може да ви открие сешто за вашето здравје.Еден од најдобрите начини да го исконтролирате своето здравје е да обрнете внимание на столицата после голема нужда, односно, на нејзиниот облик, боја и големина. Не е исто како лабораториска анализа, но може да ви каже многу за ситуацијата во организмот.
Облик на столицата
Нормалниот облик на столицата би требало да биде долгнавест, со мека површина, а стручњаците истакнуваат дека секој ден би требало да имате една до две столици со средна конзистенција.
Столица во тврди парчиња најчесто е одраз на исхрана сиромашна со влакна, а упатува на тоа дека столицата предолго се задржала во дебелото црево. Според тоа треба да го зголемите внесувањето на влакна кои го подобруваат варењето.
Тврда или грутчеста столица најмногу упатува на опстипација и дехидрација. Во овој случај е важно да ја урамнотежите исхраната со билни влакна, да ја зголемите телесната активност и да внесувате течности.
Столица во меки парчиња упатува на потреба од прочистување на цревата со повеќе течност и здрава исхрана, но ваквата зачестена столица се смета за блага дијареја и може да биде знак за болест на цревата.
Водеста столица најмалку се задржува во цревата односно пребрзо поминува низ дигестивниот тракт. Премногу е ретка, презаситена со вода и нејзин симптом е проливот. Доколку потрае подолго време, потребен е преглед кај лекар.
Боја на столицата
Може да варира од исхраната и е показател за бројни состојби и болести. Нормалната столица има смеѓа боја поради својот состав кој го чинат: вода, бактерии, остатоци од црвени крвни зрнца и несварливи билни материи како што е целулоза со протеини и масти….
Погледнете на следната страна:

 

Црвената столица е загрижувачка бидејќи покажува присуство на крварење од долниот дел на дигестивниот тракт поради хемороиди или дивертикулоза, но и посериозни состојби како што е рак на ректумот. Сепак, оваа боја на столица може да биде и резултат на конзумирање црвена храна, како што е на пример, цвеклото.
Зелена столица може да биде последица од лачење на жолчката која пребрзо поминала низ дигестивниот тракт и не стигнала да ја промени бојата во смеѓа. може да биде последица на Кронова болест, консумација на антибиотици, лиснат зеленчук или грозје.
Жолта столица може да биде знак на пореметување на жолчното ќесе поради што доаѓа до неправилно лачење на жолчката. Показател се и паразитски инфекции, затоа ако ваквата столица зачести, треба да се оди на лекар и да се направи анализа на истата.
Зачестеност и големина на столицата
Нормално празнење е еднаш до два пати дневно без болка и пецкање
Мала и тврда столица најчесто се јавува кога исхраната е сиромашна со влакна, па предизвикува напрегање за време на одењето во тоалет. Исхраната богата со влакна, поголем внес на течности и консумирање на пробиотици ја омекнуваат столицата.
Честа и ретка столица може да биде последица на нетолеранција на одредена намирница, може да биде предизвикана и од лекови кои не ги поднесувате, затоа обрнете внимание на навиките и доколку ретката столица се продолжува, посетете лекар. Еден од најдобрите начини да го исконтролирате своето здравје е да обрнете внимание на столицата после голема нужда, односно, на нејзиниот облик, б

Пронајдете не на следниве мрежи: