Бојата на косата открива кои болести ни се закануваат

Верувале или не, бојата на косата покажува склоност кон одредени  здравствени проблеми. Секако, можно е да делувате превентивно.Косата е украс на нашето лице, а нејзиниот квалитет зборува многу  и  за здравјето. На пример слабата и тенка коса е знак за промени во нервниот, но и дигестивниот систем. Но и природната боја на коса открива многу. Истражувања докажале дека со одредена боја на коса  одат и одредени здравствени проблеми, односно  склоност кон одредени проблеми.
Плава коса
Жените со светла коса се склони кон  сенилна макуларна дегенерација, болест поврзана со стареењето која постепено го уништува видот. Поточно, кон оваа болест се склони жените со светла коса, односно русокосите. За да го спречите тоа, во исхраната воведете кељ и спанаќ и друг зеленчук кој содржи лутеин и зеаксантин. Исто така, русокосите луѓе имаат поголема шанса да заболат од меланом.
Црвена коса
При неколку истражувања уочено е дека анестезијата делува послабо кај црвенокосите луѓе. Не се знае точно зошто е тоа така, но с есмета дека има врска со мутацијата  на генот кој  е одговорен за бојата на косата. Кога следниот пат ќе одите на забар, погрижете се да добиете посилна доза локална анесезија.
Смеѓа коса
Бринетите почесто ја губат косата отколку жените со светла коса, докажано е во неколку изстражувања. Се верува дека причина за тоа е што бринетите имаат помалку коса, а освен тоа, нивните влакна се помалку отпорни на надворешните и внатрешните влијанија.
При тоа многу повеќе се забележува кога смеѓата коса ќе се проретчи отколку во случајот со светлите нијанси.  Паѓањето на косата може да се спречи со правилна исхрана и конзумирање витамински суплементи.Косата е украс на нашето лице, а нејзиниот квалитет зборува многу  и  за здравјето. На пример слабата и тенка коса е знак за промени во н

Пронајдете не на следниве мрежи: