Бојата на крвта открива се: Еве што мора да знаете и од што треба да се чувате!

Дали сте знаеле дека бојата на менструацијата може да открие дали нешто не е во ред со вашето тело…Розова: Постои едноставно објаснување за розовата боја на крвта: Циклусот ви е при крај. Но, доколку оваа боја ја забележите на средината на циклусот, таа може да укаже на рана бременост, хормонско пореметување или некоја ретка болест на репродуктивните органи.
Светло црвена: Светло црвената крв е знак дека менструацијата се одвива нормално и не би требало да има проблем. Но, ако менструацијата трае подолго од седум дена, а крвта продолжи да биде врвена, а не розевкаста, тоа е знак дека реба да посетите лекар!
Темно црвена: Ако протече темноцрвена крв за време на циклусот тоа е нормално. Но, ако темната крв продолжи да тече и подолго отколку што е нормално, тоа може да биде знак за присуство на бениген тумор.
Портокалово-црвена: Ваквата боја укажува на инфекција. Можно е да почувствувате и непријатен мирис, мирис на расипано. Во тој случај ВЕДНАШ посетете лекар!
Кафено-црвена: Смеѓата или црна крв на прв поглед звучи лошо, но не грижете се! Тоа е само стара, заостаната крв, која не истекла на влошката или тампонот. Ова вообичаено е сосем нормална работа. Треба да внимавате оној пат кога ќе забележите портокалова и жолтеникава боја под таквиот слој, бидејќи тоа може да биде знак на инфекција.
Обилно крварење: Многу од жените имаат барем еден ден во циклусот пропратен со обилно крварење. Вообичаено тоа е вториот или третиот ден и тоа е нормално. Но ако тоа крварење се продолжи, посоветувајте се со гинеколог, бидејќи веројатно сте изгубиле многу крв!
Флеки: Кога на гаќичките или на влошката ќе забележите капки крв, а не ви е време за менструалниот циклус, многу е веројатно дека се работи за некакво хормонално пореметување, или ран знак за бременост!
Изостанување на менструацијата: Ако забележите дека менструацијата ви доцни, би требало да закажете термин на гинеколог. Постојат многу потенцијални причини, како бременост или влегување во менопауза, изненадно губење на тежината, некаква болест или стрес.Розова: Постои едноставно објаснување за розовата боја на крвта: Циклусот ви е при крај. Но, доколку оваа боја ја забележите на ср

Пронајдете не на следниве мрежи: