Бојовиќ: Во фудбалот никогаш ништо не се знае…

Капитенот на македонскиот фудбалски шампион Вардар, Раденко Бојовиќ, на прес-конференцијата пред натпреварот со Стеауа, изјави дека Вардар на мечот во Букурешт не одиграл на нивото на кое знае и умее, но задача на Вардар е да се бори до крај.
Капитенот на Вардарци, вели дека во Букурешт нашиот шампион отишол по добар резултат, но таа цел не се остварила поради квалитетот на Стеауа, и поради тоа што Вардар не одиграл на нивото на кое знае.
„Да бидам искрен, во Букурешт отидовме по добар резултат, но не успеавме во таа наша цел. Од една страна тука е јаката Стеауа, од друга страна нашата слаба игра, не одигравме онака како што знаеме, не одигравме на нивото на кое знаеме“ вели Бојовиќ.
Бојовиќ сепак побара поддршка на реванш дуелот со Стеауа, побара масовна поддршка на Вардар на „Националната Арена Филип Втори“.
„Ги повикувам сите да дојдат во голема бројка и на утрешниот дуел затоа што поддршката ни е потребна“ вели капитенот на Вардар.
Извор/Фото: fkvardar.mkКапитенот на македонскиот фудбалски шампион Вардар, Раденко Бојовиќ, на прес-конференцијата пред натпреварот со Стеауа

Пронајдете не на следниве мрежи: