Дерин Блеквел (14) боледувал од леукемија и уште еден редок вид на рак. Го планирал својот погреб, фризурата и музиката која сака да ја има за последното испраќање, а потоа се се променило…Тинејџерот Дерин Блеквел мислел дека не му останува уште многу живот. Покрај леукемијата, се борил против уште еден редок вид на рак. Минатиот декември велел дека има уште неколку дена живот. Почнал да го планира своето последно испраќање.
Сакал да биде испратен во истиот автомобил во кој Вилсон Черчил бил возен на погребот. Сакал да биде закопан со звуците на песната „Move Your Feet”, во одело.
Мислел дека нема да го доживее Божиќ. На 10 години му била дијагностицирана леукемија, но кратко потоа му откриле уште едно ретко заболување на крвта.
Докторите се обиделе да му трансплатираат коскена срж, но секоја операција била безуспешна и неговото тело го напаѓале разни инфекции.
Дури имал и заболување кое предизвикува отпорност на лекови, поради што бактериите можеле да преживеат во неговиот организам и покрај антибиотиците. Поради тоа му се појавила некроза, односно изумирање на клетките и живите ткива. По ова, Дерин и неговите родители помислиле дека тоа е навистина крајот.
Со времето Дарин ја прифатил сопствената смрт. Се борел храбро во изминатите 4 години и само сакал мачењето да заврши. Но потоа се се променило..
Мислел дека нема да го доживее Божиќ. А потоа Божиќ поминал, па поминала и Нова година и во втората недела од јануари Дерин случајно ги скинал завоите, мислел дека прстите му скапале, но тие биле „на место“.
Неговиот имун систем бил уништен. Бил тргнат од лекарства и докторите не знаеле дали момчето ќе успее да се избори со инфекциите. Но Дерин сепак успеал да победи.
Никој не може да објасни како Дерин преживеал, сите го поврзуват неговото оздравување со чудо.
„Пред само два месеци бевме подготвени да го кремираме Дерин, а сега докторите ни велат дека неговото лечење е завршено“, рекла неговата мајка.
Сега, колку и да звучи чудно ова, Дерин продолжува со својот живот. Бил толку сигурен дека ќе умре и дека ќе ја изгуби битката со ракот, што сега не е сигурен во својот нов живот.
Ова што му се случило на Дарин е вистинско чудо и сите се надеват дека ќе продолжи да живее и овој лош период засекогаш ќе го остави зад себе.
Дерин претходно ја замислувал иднината за наредните неколку часа или дена. За среќа, сега тој може да ја планира својата долга иднина, образование, кариера и живот без болести.
Тинејџерот Дерин Блеквел мислел дека не му останува уште многу живот. Покрај леукемијата, се борил против уште еден редок вид на рак. Минатиот деке



