Се омажив само заради пари, воопшто не го сакав!Здраво на сите. Го пишувам ова бидејќи јас се уште мислам дека не направив ништо погрешно. Сега имам 34 години, се омажив на 24. Дојдов од мал град во Скопје за да учам. Тоа беше доста тешко, бидејќи немав пари. Моите родители немаа да ми платат за колеџ, стан и храна и морав да се работи и да бидам во можност да ги платам сите сметки. Тоа беше многу тешко.
Но јас сакав да го завршам факултетот. Тоа беше мојот сон. Како што минуваа годините на факултет, беше се потешко и потешко бидејќи имав многу потреби. Сакав да излегувам и да се забавувам, но за тоа ми беа потребни пари. Не сакав да одам со момчиња па да ми плаќаат бидејќи би ме нарекле спонзоруша. Затоа одлучив да се омажам. Да тоа беше мојот пла. Тоа го испланирав како и се друго. Ништо од љубовта, само добра прилика.
Тоа беше едно момче кое подоцна ми стана сопруг, а сега поранешен сопруг. Излегувавме некое време и тој ме запроси. Морам да признаам дека добро го средив тоа. Се восхитувам на себе си. Што да ви кажам, сакав повеќе. Еве во мојата исповед барем признавам, некои молчат, а јас имав храброст.
Тој беше добар кон мене и сите, но никогаш не го сакав, беше тука само да ме финансира. Тој беше лу по мене. Не можев да се воздржам и максимално го искористив тоа. Патувања, подароци, а се имаше. И ми беше рано што се однесува до мажачка, о влегов во тоа па што сака нека биде. Ми требаа пари.
На крај пукна се, бидејќи тој сакаше да имаме деца, а јас не бев спремна за тоа, а поготово поради тоа што не го сакав. Знам дека многумина ќе ме осудуваат поради тоа, но таква сум и не можам да бидам поинаква. Сега сум сама, но имам работа и добив нешто од разводот па така сега ми е ОК. Можеби и ќе сретнам некого кој ќе ми се допадне па се ќе биде поинаку. Се во свое време. Но, сепак ќе продолжам да го барам својот принц со бело Ферари.Здраво на сите. Го пишувам ова бидејќи јас се уште мислам дека не направив ништо погрешно. Сега имам 34 години, се омажив на 24. Дојдов