БОЛНО! Девојка се преправала дека умира од рак и систематски ѝ го уништила животот на жената која ѝ помагала!

Девојка која лажела дека е во терминален стадиум  сега е осудена на две години затвор и тоа бидејќи поради својата проневера и болен план довела до тоа нејзината профеосрка да ја изгуби куќата, сопругот и работата.Бездушната студентка која ѝ го уништила животот на својата професорка лажирајќи последен стадиум на рак на бубрегот и манипулирајќи со неа, сега е осудена на две години.
Елиза Бјанко (22) ја измамила Сали Реталак (49) која верувала дека девојката има уште три месеци живот и ја примила во својот дом бидејќи оваа ѝ кажала дека нема каде да оди. Откако се вселила, постојано била причина за рсправии помеѓу Сали и нејзиниот сопруг.
Елиза ја фатила Сали во својата мрежа и кога сфатила дека оваа во потполност и верува, ја превземала контролата на нејзиниот живот во свои раце.
Елиза напишала бакет листа пред наводната смрт и во во неа навела дека сака скапи подароци и патувања, а госпоѓа Реталак ѝ направила и забава за простување. Девојката секој ден се преправала дека влегува во болница на лекување, но всушност седела во кафулето и се мотала во завои.
Нејзините лаги биле откриени кога госпоѓа Реталак, која во меѓувреме дала отказ за да ја негува, дошла во болницата да ја изненади, но таму никој не ни слушнал за Елиза. На излегување ја видела како седи по пижами во кафулето, влегла и ја прашала дали измислила се, а таа без пардон ѝ рекла: „Да“.

 
На сослушувањето во судот било откриено дека Елиза играла психички игри со Сали и нејзиниот поранешен сопруг за да ги раздели. На крајот и се развеле. Потоа таа на Сали ѝ го наместила вдовецот доктор Џон, а тоа всушност била таа со изменет глас и лажен меил. Сали и Џон станале блиски и разменувале интимни меилови, но Елиза измислила дијагноза за Интернет љубовникот и го „убила“ пред да се сретнат со Сали.
Елиза и Сали се запознале на курс за социјално и здравствено осигурување во 2009. Елиза тогаш илмала 16 години, живеела со својата мајка и сакала да стане социјален работник. Првата година ја паднала, а кога Сали ѝ станала тутор во втора година, делувала изолирано. Тинејџерката на својата туторка тогаш ѝ кажала дека родителите ѝ се алкохоличари.

Првите неколку години исценирала најразлични хорор сцени и Сали ја примила во својот дом како свое дете и се грижела за неа. Неколку пати се обидувала да ја убеди да се врати кај родителите, но Елиза секој пат се враќала со уште полоши приказни. Кога ѝ кажала дека треба да најде работа, објавила дека има рак и дека е во терминална фаза. Пишувала лажни медицински извештаи. Жалејќи се на лажни болки, почнала да спие во креветот на Сали за таа да можела да ја негува постојано.
Подоцна Сали во својата куќа пронашла чек и уреди кои испуштале звук на кршење на коски. Елиза постојано ѝ велела дека ѝ пукаат ребрата.Бездушната студентка која ѝ го уништила животот на својата професорка лажирајќи последен стадиум на рак на бубрегот и манипулирајќи со неа, сега е

Пронајдете не на следниве мрежи: