Бомба во градски автобус

Непознат сторител фрлил рачна бомба во автобус на „Автопревоз“ во Бања Лука и побегнал во непознат правец.На ул. Књаз Милош во близина на Земјоделското училиште непознат сторител фрлил бомба додека автобусот се движел по линијата број 13, на релацијата Лазарево- Обличево.
Во експлозијата загинал возачот на автобусот, а патниците и луѓето кои чекале на постојката не се повредени, пренесуваат медиумите.
-Се се случуваше многу брзо, слушнав удар а потоа врисоци, изјавил еден од патниците во автобусот.
Оштетени се околните објекти и автомобили, а сообраќајот бил запрен од трговскиот центар “Верно“ до Земјоделското училиште.
Очевидците тврдат дека кога автобусот застанал на постојката, млад човек во црно се приближил до автобусот и ја фрлил бомбата,  а во автобусот имало околу 30 патници.
Истрагата е во тек.На ул. Књаз Милош во близина на Земјоделското училиште непознат сторител фрлил бомба додека автобусот се движел по линијата број 13, на релацијата

Пронајдете не на следниве мрежи: