Непознат сторител, денес во 10:50 во Бања Лука фрлил рачна бомба во автобус на „Автопревоз“ и побегнал во непознат правец.Инцидентот се случил на ул. Књаз Милош во близина на Земјоделското училиште додека автобусот се движел по линијата број 13, на релацијата Лазарево- Обличево.
Во експлозијата загинал возачот на автобусот, а патниците и луѓето кои чекале на постојката не се повредени, пренесуваат медиумите. Експлозијата ги оштетила околните објекти и автомобили, а сообраќајот бил запрен од трговскиот центар “Верно“ до Земјоделското училиште.
Очевидците изјавиле дека кога автобусот застанал на постојката, млад човек кој бил облечен во црно се приближил до автобусот и ја фрлил бомбата, додека во автобусот имало околу 30 патници.
-Се се случуваше многу брзо, слушнав удар а потоа врисоци, изјавил еден од патниците во автобусот.
Истрагата за инцидентот е во тек.
извор: курирИнцидентот се случил на ул. Књаз Милош во близина на Земјоделското училиште додека автобусот се движел по линија