Жителите на Стајковци се вознемирени од детонацијата што ја слушнаа вчера на првиот ден од отпочнувањето на изборната кампања.Голем број жители на населбата се собрани на самото место, а заради паниката што се прошири во тој дел од Скопје, некои од мештаните одлучија децата да ги однесат да преноќат кај свои роднини. Сите говорат за инцидентот и за нарушената безбедност во последниве месеци.
Вчера околу 21.00 час.во с.Стајковци на ул.18 бр.26 во двор сопственост на А.Н. експлодирала експлозивна направа од која има оштетување на куќата и на ПМВ Рено со скопски регистерски ознаки. Повредени лица нема, а дополнително ќе се врши увид на лице место.
Од разговорите со соседите, се дознава дека сопственикот на куќата во која што е фрлена бомбата е симпатизер на ВМРО ДПМНЕ.
МВР засега не излегува со никаква информација околу инцидентот, а медиумите под контрола на СДСМ исто така молчат.
Фото: КурирГолем број жители на населбата се собрани на самото место, а заради паниката што се прошири во тој дел од Скопје, некои од мештаните одлучија децат