Македонскиот интернационалец од екипата на швајцарски Вил постигна хет-трик на мечот од швајцарската втора лига против екипата на Локарно на гостински терен.Тимот на Вил, благодарение на нашиот интернационалец Адис Јаховиќ забележа убедлива победа на гостувањето кај Локарно.
Вил славеше со 0-3, сите голови беа постигнати од страна на нашиот интернационалец.
„БОМБАРДЕРОТ“ Јаховиќ најпрво стрелаше во 29-тата минута и го отвори резултатот на 0-1, па така гласеше и резултатот од првото полувреме.
Во вториот дел, уште по третата минута од второто полувреме, Јаховиќ веќе зголеми на 0-2, а во 76-тата минута ги постави конечните 0-3.
Екипата на Вил со освоени 9 бода од четири натпревари се наоѓа во горниот дел од табелата во Швајцарската „Челинџ“ лига.
Швајцарски Вил преку својата официјална Фејсбук фан страна му се заблагодари на нашиот интернационалец за блескавата партија против Локарно, надополнувајќи дека „благодарение на Јаховиќ дојдовме до висока победа од 0-3 против Локарно“.Тимот на Вил, благодарение на нашиот интернационалец Адис Јаховиќ забележа убедлива победа на гостувањето кај Локарно.