Бомбата во Манчестер е истата која била користена во Париз и Брисел

Висок претставник на Соединетите Американски Држави изјави дека експлозивот кој бил користен во Манчестер Арена е истиот кој бил користен во нападите во Париз и Брисел, пренесува Гардијан.Републиканецот Мајк Мекол, кој претседава со Комитетот за национална безбедност на Конгресот за АП вели дека во сите три напади е користен експлозивот ТАТП.
Според него, бомбата во Манчестер е „класична експлозивна направа која ја користат терористите“, истакнувајќи дека „нивото на софистицираност“ може да значи дека оној кој ја направил бомбата бил обучуван во странство.
Исто така, тој наведува дека доказите кои досега се приберени покажуваат дека нападот во Манчестер не е случај на „осамен волк“.
При експлозијата која се случи по концертот на американската пејачка Аријана Гранде во Манчестер, загинаа 22, а повредени се 119 луѓе.Републиканецот Мајк Мекол, кој претседава со Комитетот за национална безбедност на Конгресот за АП вели дека во сите три напади е користен експлози

Пронајдете не на следниве мрежи: