Во воздушните напади на северот од Сирија погодена е болница што работи со поддршка на „Лекари без граници“ во градот Азаз, изјави денеска портпаролката на оваа хуманитарна организација, Мирела Ходеиб.Според неа, нема потврда за евентуални жртви од нападот врз болницата во градот Марет ал-Нуман, во провинцијата Идлиб, пренесуваат американските медиуми.
Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, меѓутоа, тврди дека нападите ги извеле руските авиони и дека болницата е уништена како и дека десет лица се загинати, а повеќе ранети, наведуваат француските медиуми.
Un hôpital soutenu par #MSF bombardé en #Syrie https://t.co/KdnCqYSLS1 pic.twitter.com/0uYg93SNqe
— Le Monde (@lemondefr) February 15, 2016
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.