Здрави, лесно се прават и не содржат шеќер!Ако ви се пријаде нешто благо, ви предложуваме да го подготвите овој рецепт. Прзо се подготвува, многу е вкусен и ќе ве исполни со енергија.
Потребно е:
1 шолја индиски оревлиња
8 урми без семка
2 лажици какао во прав
2 лажици кокосово масло:
Подготовка:
Сите потребни состојки едноставно ставете ги во блендер и миксајте додека не се направи хомогена смеса. Ставете во фрижидер да се стегне малку, па од тоа направете топчиња кои потоа по желба можете да ги извалкате во какао или кокосово брашно. Овие бомбици освен што се многу слатки, се и многу здрави.
Уживајте!Ако ви се пријаде нешто благо, ви предложуваме да го подготвите овој рецепт. Прзо се подготвува, многу е вкусен и ќе ве исполни со енергија.