Бомбици со чоколадо, лешници, рум и портокал

Ви предлагаме да ги пробате овие превкусни бомбици. Рецептот е едноставен.Состојки:
– 1 лажица мед
– 100 г мелени лешници
– 100 г мелени бисквити
– 50 г шеќер во прав
– 1 лажица рум
– 1 ќесичка ванилин шеќер
– 1 лажица маргарин
– 1 кора од портокал
– свеж сок од половина портокал
– 100 г рендано чоколадо
– 100 г чоколадо
– 2 лажици масло
Подготовка:
Во сад на оган ставете го медот да се загрее. Во длабок сад ставете ги мелените лешници, бисквитите, шеќерот во прав, румот, ванилиниот шеќер, маргаринот, ренданото чоколадо, кората и сокот од портокал. Измешајте и додадете го медот. Од смесата формирајте бомбици, а потоа ставете ги во замрзнувач најмалку 30 минути. Во меѓувреме, растопете го чоколадото на пареа. Во растопеното чоколадо додадете го маслото и измешајте. Изладените чоколадни бомбици со лешници, рум и портокал, прелијте ги со растопеното чоколадо и декорирајте ги по желба.
На здравје!Состојки:
– 1 лажица мед
– 100 г мелени лешници
– 100 г мелени бисквити
– 50 г шеќер во прав

Пронајдете не на следниве мрежи: