Бон Џови преку овој пример покажува колку е големо неговото срце

Актуелниот ресторан на Џон Бон Џови познат како „Соул Кичен“ се наоѓа во близина на железничката станица „Ред Банк“ во Њу Џерси.
Овој ресторан е познат по тоа што не мора ништо да платите. Џон Бон Џови има посебна фондација „Соул Фондејшин“, преку која изградил 260 домови за сиромашни Американци во последните неколку години, а во фондацијата е вклучен и неговиот ресторан во кој може да уживате во храната и пијалоците, а на крај воопшто не мора ништо да платите.
„Сум посетил многу ресторани низ светот, некои луксузни, некои обични и се сеќавам на голем дел од нив, но кога дознав дека еден од шест луѓе во оваадржава нема доволно пари за храна си реков, „Соул Кичен“ мора да биде следната фаза на мојата фондација“, вели Бон Џви во интервју за еден американски магазин.
Овој ресторан дневно храни од 80 до 120 луѓе, а за неговата изградба биле потрошени 250.000 американски долари. Бон Џови вели дека и самиот волонтира за да јаде во својот ресторан. Актуелниот ресторан на Џон Бон Џови познат како „Соул Кичен“ се наоѓа во близина на железничката станица &

Пронајдете не на следниве мрежи: