Вице Заев, брат на Зоран Заев влегува со бизниси во Скопје, а кланот Заеви го укрупнува капиталот. Уште пред неколку месеци медиумите пишуваа дека фирма блиска до Зоран Заев, СИМ Инжинеринг ДОО Струмица, која според информации на Инфомакс е во сопственост на таткото и синот Симеон и Горан Крстеви од Струмица, кои учествуваа во градбата на „Глобал“ во Струмица ќе градат зграда во скопски Аеродром.Од „Герас Цунев конфекција“ а.д. Струмица преку Македонската берза информираат дека Трајче Заев преку трговска трансакција се стекнал со 4.861 акција од издавачот „Герас Цунев конфекција“, со што сега поседува вкупно 15.126 акции или 22,25% од основната главнина на друштвото, пишува порталот Нетпрес.
– Истовремено лицето Јанева Снежана го намали своето учество во акционерскиот капитал на друштвото, и отуѓи 3.367 акции, со што сега поседува 13.631 обична акција или 20,05 отсто од основната главнина на друштвото, известија од компанијата.
Според проверките, вредноста на една акција изнесува 300 денари, што значи дека Заеви платиле 1.458.300 денари и со тоа стекнале 22,25 отсто од основната главнина на друштвото „Герас Цунев конфекција“, кое има имот вреден милиони во евра, хотел, ресторани и дуќани.
Со ова се отвора оправдан отвори сомнеж дека семејството Заеви користејќи ја, односно злоупотребувајќи ја политичката закрила и моќ, започнуваат со купување капитал во конкурентните македонски компании. Се разбира, со цел да го окрупнат своето богатство. Имено со 20.000 евра не може да се купи ниедна најобична гарсониера од 25 квадратни метри, а не, пак, имот со деловни објекти, индустриски погони со површина од 1.849м2 на атрактивни локации во општина Струмица.
Со ова се отвара сериозен сомнеж дека купопродажбата е вклучена со уцена или некој друг вид на притисок.
Но зачудува нестрпливоста на кланот Заеви, кои, ете, не дочекаа ниту да минат стоте денови од владата на нивниот претставник во политиката за да започнат со купувањето на Македонија. Или, можеби, процените се дека власта ќе биде краткотрајна па мора да се искористи секој момент.
Заеви за 20.000 евра се стекнале со деловни простории од околу 1.849м2 површина односно купиле атрактивен деловен индустриски имот за само 10 евра по м2.
Акциите и имотот со кој се стекнале Заеви е купен под паритет, односно под реалната цена за објектите.Не е јасно како е продано толкав имот за толку ниска цена.
Конфекцијата „Герас Цунев“ поседува работни погони со површина од 2. 016 м2 и 1. 781 м2 на улица „Гоце Делчев”, заедно со дворно место од 1. 278 м2. Конфекцијата поседува и деловен простор од 73 м2 на улица „Благој Мучето“ бр.4 во Струмица и помошни простории на улицата „Гоце Делчев“ со површина од 65 м2 и 82 м2 и деловен простор од 53 м2 на Кеј на револуција бр.5, Струмица.
Акционерското друштво во својата сопственост има и објект од 444 м2 на улица „Маршал Тито“ бр.2, друг објект во истиот склоп со површина од 242 м2 со помошни простории од 181 м2 во склоп на истиот објект. Дополнително фирмата има зграда од 795 м2 и помошен објект од 386м2 на улица„Гоце Делчев“ бр.50 во Струмица. Во јавноста зачестени се гласините дека можеби се работи за притисок за продажба.
Од „Герас Цунев конфекција“ а.д. Струмица преку Македонската берза информираат дека Трајче Заев преку трговска трансакција се стекнал с