Членот на ДИК Силвана Бонева на денешната јавна седница на Државната изборна комисија истакна дека е задоволна од проверките кои се направени на избирачкиот список, посочувајќи дека остануваат уште мал број на случаи кои треба да бидат проверени.-ДИК е подготвена да одговори за еден или два дена на сите спорни прашања кои се останати. Можеме да бидеме горди, ниту едназемја нема ваков прочистен список преку вкрстување на податоци. ДИК е подготвена за избори на 5-ти јуни со прочистен избирачки список, вели Бонева.
Таа предлага оние над 37.000 лица кои во рамки на теренската проверка не биле пронајдени дома, да бидат објавени на интернет страната на ДИК со име, презиме и општина, и да се повикаат сами да се пријавата во подрачните единици на ДИК. Паралелно со тоа МВР да направи проверка за истите луѓе кои не биле пронајдени дома, со рок од три дена.
Дополнителни проверки преку базно вкрстување, но и преку директна проверка во ДИК, Бонева предлага да бидат направени и на мал број лица за кои дел од податоците не се јасни.-ДИК е подготвена да одговори за еден или два дена на сите спорни прашања кои се останати. Можеме да бидеме горди, ниту едназемја нема ваков прочис