Единствено нешто што ни остана да се проверува за Избирачкиот список се гласачите од Албанија, кои имаат македонско државјанство. Иако од Пустец долго време се прави фама, станува збор за мала бројка луѓе и очекуваме МРВ многу брзо да ги заврши проверките што го бараме. И „Мост“ и „Цивил“ зборуваат невистини и затоа и нив како и двајцата наши колеги од СДСМ ги покануваме да дојдат на седница и на заедничка маса отворено да ни ги кажат своите конкретни сомнежи за избирачкиот список, вели Силвана Бонева, член на ДИК, пишува Дневник.Ова е нејзиниот одговор на прашањето што треба да уште конкретно да се стори за да се добие Избирачки список со кој ќе може да се излезе на избори и повеќе нема да биде причина за недоверба и незадоволство. За истото прашање побаравме, но не добивме одговор од претставниците на СДСМ во ДИК.
Чист Избирачки список вчера побара и еврокомесарот Јоханес Хан. На прашањето дали договорот од Пржино сж уште има иднина и покрај протестите во Македонија, во интервјуто за Радио Слободна Европа, Хан вчера изјави:
– Има. Направивме искуство кога вообичаено сите различни рокови беа исполнети како што првично беа договорени или малку подоцна. Затоа финалната битка е да има избори. Но, јас мислам дека тоа што е важно е да се одржат избори што ќе бидат прифатени од меѓународната заедница. Тоа значи дека мора да има чист Избирачки список, мора изборите да бидат без заплашување кандидати, партии, лица. Тоа е важно во моментов – рече Хан.
Тој додаде дека исто така е важно да се зачува евро-атлантската перспектива и оти во моментов изгледа дека различните политички партии се способни да постигнат согласност сами. Притоа, како што рече, ЕУ е подготвена да го олесни тоа.
– Не можам да разберам од каде доаѓаат обвинувањата од „Мост“ и „Цивил“, но и нив како и колегите во ДИК од СДСМ, кои и понатаму ја бојкотираат работата на Комисијата, ги покануваме да дојдат и отворено да кажат што им пречи во работата на Комисијата. Сите други членови решивме да му одговориме на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој со поединечно писмо до секој од нас побара во Избирачкиот список да не влезат 138.167 луѓе со валидни патни исправи. Тоа ќе значеше дека им го одземаме правото на глас. А законот пропишува дека право на глас има секој полнолетен деловно способен граѓанин кој има валидна лична карта и патна исправа – вели Бонева.
На прашањето дали ова било пресвртна точка за бојкотот од СДСМ, Бонева е скептична.
– Не сметам дека бојкотот има каква било врска во бројките и гласачите. Тоа е став на СДСМ и нивната политика. И не би сакала да навлегувам во нивните мотиви. Вчера двајцата нивни претставници ги повикавме да дојдат на седница наместо преку медиумите да ни најавуваат дека ќе правеле ревизија на работата на своите колеги. Со конкретни бројки што по неколкупати темелно ги проверувавме им покажеме дека не е точно дека имало илјадници гласачи со поништени лични карти. Неколкукратни проверки направиме и за оние 71.798 гласачи кои првично ги имаше само во базата на МВР, а не можеа да се најдат во петте други бази со кои ја споредуваме. Излезе дека од нив има 7.571 со поништено живеалиште. Повторно проверуваме и од МВР добивме одговор дека 7.054 имаат нови пасоши, а 5.510 нови лични карти и има едно починато лице – вели Бонева.
Таа е децидна дека ДИК го проверува секој податок и вели дека обвинувањата на сметка на работата на комисијата се невистини и политичка манипулација.
– Обично алиби на СДСМ е дека бојкотира бидејќи на списокот што ни го достави МВР го немало потписот на министерот Спасовски. Тоа е само изговор оти зад веродостојноста на тој список стојат потписите на началниците и на неговите заменици. Стои и администрацијата што работела на тој список и затоа министерскиот потпис е само потврда на она што другите го сработиле – вели Бонева.
Прочистувањето на Избирачкиот список треба да биде завршено до 20 мај.Ова е нејзиниот одговор на прашањето што треба да уште конкретно да се стори за да се добие Избирачки список со кој ќе може да се излезе на избори