Бор-машина и клешти се употребуваат за операција во Молдавија

Во Молдавија се прошири невиден скандал откако на Интернет се појави видео на кое се гледа дека хирурзите во Молдавија оперираат со бор-машини и користат клешти. 
 
 Видео запис објавен на Интернет на кој се гледа како молдавски хирурзи оперираат со електрични дупчалки, предизвика скандал во Молдавија, една од најсиромашните поранешни советски републики.
Според објаснувањата на хирургот Николае Курка, кој оперирал момче во педијатриската болница во Кишињев, медицинскиот персонал бил принуден да се служи со вакви инструменти од финансиски причини, бидејќи другите инструменти биле многу поскапи.
„Требаше да го пробиеме зглобот кај лакотот на момчето и тоа го направивме. Овие бормашини како и клештите имаат само една неповолност, тешко се стерилизираат“, изјави лекарот.
Хирургот тврди дека откако болницата не купува соодветна техника, тој и уште 16 негови колеги користат обични дупчалки.
„Болницата доби три нови медицински дупчаки, не разбирам зошто употребуваат вакви инструменти“, изјави министерот за здравство Андреј Усати.
Премиерот Јури Леанка нареди да биде проверен инвентарот во сите  болници, ако е потребно да бидат купени неопходните уреди и да се посочат виновниците за настанатата состојба.Видео запис објавен на Интернет на кој се гледа како молдавски хирурзи оперираат со електрични дупчалки, предизвика скандал во Молдавија, една од н

Пронајдете не на следниве мрежи: