Главодоблка, мачнина, исцрпеност и лошо расположение. Доколку вчера испивте некоја чашка повеќе ова ви звучи познато. Следниот ден, очајни, најчесто гледаме во ладилникот и ормарите во потрага за нешто што ќе ја ублажи лошата состојба. Овие осум намирници дефинитивно ќе ви помогнат во тоа.Млеко
Чаша млеко е магичен лек кој може да ви помогне во истиот момент. Како што тврдат нутриционистите млекото е богато со калциум и го смирува гастритисот предизвикан од алкохол, а содржи и амино-киселина која помага во варењето на ацеталдехид кој настанува кога телото се обидува да го преработи внесениот алкохол. Од помош може да биде и јогуртот, бидејќи е богат со витамин В5, а секое внесување на витамини и минерали помага во случај на мамурлак.
Шпаргла
Дајте и шанса на теглата заборавена на една од најодалечените полици во оставата. Покрај тоа што се вкусни и хранливи, тие се и лут непријател на мамурлакот. Амино-киселините и минералите кои се наоѓаат во шпарглата можат да го смират мамурлакот.
Сендвич со сланина
Се е подготвено на излегување: зацврснувач за коса, чиста облека, парфем, аспирин и… сланина. Не е неопходно да ја понесете со себе, но гледајте да имате залиха во ладилникот: ќе ви биде од помош следното утро, кое сите го дочекуваме со анксиозност. Традиционалниот сендвич со сланина, загреен и сочен, е ваш сојузник против маурлакот.
Банана
Извор на калиум. А зошто ни е потребен? Од алкохолот дехидрираме, а така се намалува и нивото на калиум во крвта. Оваа вкусна и хранлива овошка, богата и со витамин В6, ќе ви помогне да ја надокнадите таа загуба.
Сок од домати
Коктелот „Крвава Мери“, кој се прави од вотка и сок од домати, е токму и она што ви треба, но… доколку го изоставиме алкохолот. Овој сок, богат со прости шеќри, ќе ви помогне да се изборите со хипогликемијата. Содржи и ликопен, благодарение на кој има и антифламаторно дејство. Значи, има логика да го комбинирате со вотка.
Јајца
Предностите на јајцата се бројни. Содржат витамини В2, В6, В12, а витаминот В6 игра клучна улога во закрепнувањето. Јајцата се богати со цистеин, амино-киселина која е ефикасна во борбата против токсин.
Туна
Оваа здрава и вкусна намирница е богата со алфа-кетоглутарна киселина, која во нашето тело може добро да му дојде на нашето тело по ноќ во кафеана. Туната го снабдува нашиот крвоток со киселини и ги елиминира токсините. Доколку при рака немате филета, задоволете се со конзерва.
Сок од портокал
Дехидриравте. Колку повеќе течности внесувате, толку подобро. Сокот од портокал сигурно ќе ви годи. Поради големата количина на витамин С и фруктозата која портокалот ја содржи, вашиот црн дроб ќе ви биде благодарен.Млеко
Чаша млеко е магичен лек кој може да ви помогне во истиот момент. Како што тврдат нутриционистите млекото е богато с



