Борба со ракот: Ми останаа уште неколку недели живот, ќе умрам наскоро

На Линда Белингем, британска писателка и актерка, и  бил дијагностициран рак во јули минатата година. Таа одела на хемотерапија, но одлучила да престане со третманите. Сега се надева дека ќе доживее уште еден Божиќ.Кога во јули минатата година дознала дека има рак на дебелото црево и оштетување на белите дробови, Линда не можела да поверува. Докторите и рекле дека е во состојба која бара брза реакција.
Линда веќе некое време имала проблеми со варењето и болна диареа, а често го губела и здивоит. Но докторот и дал само лек кој го пиела неколку недели и сите симптоми исчезнале.
„Работев на голем проект. Сакав повторно да се воздигнам како актерка и да се занимавам со глумата се до судниот ден. А потоа дознав дека  мојот суден ден наближува и дека морам да се откажам од својот сон“, вели Линда.
По подеталните испитувања, дознала дека ракот во неа се развивал веќе 18 месеци. Наместо да се оперира, докторот и препорачал хемотерапија, бидејќи ракот почнал да се шири на црниот дроб и белите дробови.
„Првата хемотерапија помина добро. Бев полна со енергија, станав рано следното утро и готвев. Мојата колекција со таблети се дуплираше. По втората терапија ми се јави непријатно чувство во прстите на рацете и нозете. А веќе по третата терапија се плашев дека сум почнала да бладам, бидејќи секој пат кога ќе ме заболеше нешто беше како да имам жилети во грлото. Бев во агонија. Ми беше повеќе од јасно дека мојата актерска кариера е на самиот крај“, вели Линда.
Веќе во август месец имала мачнина и симптоми на грип. Повеќе не можела да настапува.
„Размислував да направам реалити или документарец, бидејќи знаев дека повеќе  не можам да имам големи улоги. Животот без глума ми беше неподнослив. Бев актерка 45 години“.
Болките станувале се посилни и докторите и објасниле дека ракот е виновен за нив, кој се обидува да се спротивстави на хемотерапијата, што значело дека хемотерапијата делува. Во септември и рекле дека туморот се намалил.

„Постојано се чувствував заморно и чувствував мачнина по секој оброк. И самите оброци ми беа без вкус.
Не сакав да се делам од светот. Се дружев и се чувствував добро, па потоа повторно бев покосена. Болката во стомакот стана неподнослива и прогнозите драстично се сменија. Не можев да ја прекинам терапијата во декември како што планирав. Тогаш сфатив дека ќе одам на хемотерапија до крајот на животот“, објаснува таа.
Во декември веќе била во количка. Поголемиот дел од деновите ги поминувала спиејќи. Докторите ја оперирале извадиле голем тумор од нејзиното тело. Тогаш докторот му рекол на сопругот на Линда дека и остануваат уште две години живот.
Во август оваа година како последица од хемотерапијата почнале да и се јавуваат чиреви во устата.
„Освен тоа што ретко кога можев да го почувствувам вкусот на храната која ја јадев, сега не можев ни да јадам. Една ноќ се разбудив преплашена, ме мачеа црни мисли. Размислував за тоа дека не сакав да го напуштам својот Мајк, бидејќи знаев дека ќе биде осамен. Се надевам дека Мајк ќе запознае некоја фина жена  со која ќе биде во врска. Тој вели дека не сака и јас го разбирам, но тоа може да се случи.
Сакам, доколку е можно,  да доживеам уште еден Божиќ, но сакам да престанам со хемотерапијата во ноември. Пресметав дека така ќе умрам кон крајот на јануари. Јас не се откажувам поради неколку чирови, туку поради тоа што моето тело почна да гние, а си ветив дека ќе направам план доколку тоа се случи. Сакам да останам во убаво сеќавање на моето семејство“, објаснила Линда.Кога во јули минатата година дознала дека има рак на дебелото црево и оштетување на белите дробови, Линда не можела да поверува. Докторите и рекле

Пронајдете не на следниве мрежи: