Борби помеѓу турската полиција и демонстрантите поради загинувањето на 232 рудари

Според најновиот биланс, 232 личности го загубија својот живот, а граѓаните се собраа околу местото на несреќата и фрлале камења врз полицијата бидејќи се бесни што рударите во оваа земја не се заштитени на своите работни места. Полицијата возврати со солзавци и водени топови.На местото на несреќата во округот Сома, во западна Турција, пристигна и премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
Шефот на Синдикатот на Турција Нуретин Алкул, изјави за француската агенција дека помеѓу 100 и 150 луѓе се` уште се заробени во рудникот.
Турската влада денес прогласи тридневна национална жалост поради несреќата која се случи во вторникот во рудникот за јаглен во западниот дел од земјата.
Се претпоставува дека експлозијата во рудникот била предизвикана од неисправниот електричен транформатор.
На 17 март годинава последен пат беше спроведена контрола за безбедносни мерки и тогаш беше утврдено дека се е во склад со прописите за безбедност.
Сома е клучен центар за експлоатација на лигнит во Турција, а во тој округ живеат околу 100.000 луѓе.
На местото на несреќата во округот Сома, во западна Турција, пристигна и премиерот Реџеп Тајип Ердоган.
Шефот на Синдикатот на Турција Нуре

Пронајдете не на следниве мрежи: