Борис Тадиќ заинтересиран за местото генерален секретар на ОН

Поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ е заинтересирани за функцијата генерален секретар на ОН, тврди белградскиот весник „Информер“Весникот наведува дека за ваквиот свој интерес, Тадиќ наводно ќе го информира и лидерот на Српската напредна партија и кандидат за иден премиер на Србија, Александар Вучиќ, за време на нивната денешна средба посветена на формирањето нова влада на земјата.
– Борис (Тадиќ) не го интересира парламентарната работа, како ни минстерската фотелја. Затоа, доколку направи договор со Вучиќ за влез на (неговата) партија во владата, ќе бара поддршка за својата кандидатура за местото шеф на ОН, изјавил за „Информер“ анонимен извор од Новата демократска партија (НДС) на Тадиќ.
Советничката на Тадиќ, Марина Комад меѓутоа тврди дека тој „во моментов не резамислува за ваква кандидатура, туку дека е свртен кон внатерешната политика“, иако сепак не ја отфрла таквата можност.

 
Од друга страна,  и поранешниот шеф на српската дипломатија Вук Јеремиќ, кој по истекот на неговиот мандат како претседавач на генералното собрание на ОН се врати во Белград, не крие дека е заинтересиран за продолжување на кариерата во Светската организација.
Српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ во изјава за „Новости“ изјави дека Јеремиќ со својата „невообичаено богата биографија би бил одличен кандидат“ за наследник на актуелниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун.
Покрај, Тадиќ и Јеремиќ, како можни кандидати за иден прв човек на ОН се споменуваат и поранешниот словенечки претседател Данило Тирк, министрите за надворешни работи на Хрватска и на Словачка, Весна Пусиќ и Мирослав Лајчак, како и директорката на УНЕСКО, Бугарката Ирина Бокова.
Петгодишниот мандат на следниот генерален секретар на ОН треба да започне на 1 јануари 2017 година. Бан во моментов го „троши“ својот втор мандат и нема право на уште еден.
извор:курирВесникот наведува дека за ваквиот свој интерес, Тадиќ наводно ќе го информира и лидерот на Српската напредна партија и кандидат за иден премие

Пронајдете не на следниве мрежи: