Борјан Јовановски: „Албанскиот треба да е задолжителен за сите првооделенци во државата“

Мегафонот на СДСМ и човекот кој цел свој живот е спонзориран од странски фондации како Сорос и повеќе амбасади, Борјан Јовановски, вчера на својот твитер профил го даде својот мал удел во медиумската поддршка на големоалбанските аспирации на СДСМ, барајќи сите првооделенци во сите основни училишта низ цела Македонија да учат задолжително албански јазик.
 Ставовите на Јовановски се идентични и со понудата на Зоран Заев во програмата на СДСМ и со една од многуте точки на албанската платформа.

Јовановски само се надоврзува на позициите кои вчера ги утврди и Бранко Героски, уредникот на „Плус Инфо“ и „Слободен Печат“, инаку човек кој се доживува за идеолог на СДСМ и се нуди да биде советник на Али Ахмети.
Героски во својата колумна „Заев и Ахмети, сите прашања се решливи, направете влада!“ во која практично го моли Али Ахмети да направи влада со СДСМ, се нуди како советник на ДУИ и СДСМ како најлесно може „да се решат и знамето и химната на Македонија“, за кои во албанската платформа се бара да се отворат како прашања.
Во способностите на Героски како докажан СДСМ-овец за давање идеи за промена на знамиња и имиња, воопшто никој не се ни посомнева. Истиот Героски пред нецели две години беше меѓу првите од СДСМ/Сорос кои ја најавија политиката за федерализација на Македонија, повикувајќи да се зборува за оваа идеја. Отворањето на јазичното прашање е само воведен чекор кон понатамошно раскрчмување на земјата.Ставовите на Јовановски се идентични и со понудата на Зоран Заев во програмата на СДСМ и со една од многуте точки на албанската платформа.

Пронајдете не на следниве мрежи: