Здружението Борка – За секој нов ден, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија на 17 мај 2014 година по шести пат ја организира кампањата за борба против рак на дојка “Напред розово 2014 – чекори против ракот на дојка“. Кампањата „Напред розово 2014“ е настан од поширок јавен интерес чија основна цел е подигање на свеста кај населението за ракот на дојка како потенцијално излечива болест, како и помош и поддршка на жените заболени од рак на дојка.Централниот настан ќе се одвива во Градскиот парк кај Школка со почеток во 11:00 часот. Присутните ќе ги поздрават со краток говор: Биба Додева, Маја Иванова и Амбасадорот Пол Волерс по што ќе започне традиционалната заедничка розова прошетка на повеќе од 1500 учесници кои пешачејќи 3 километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.
Учесниците својата прошетка Напред розво 2014 ќе ја започнат од Школка – Градски парк кон фонтаната „Лотус„ преку бул. Илинден во правец кон зградата на Владата на РМ, преку мостот Гоце Делчев до улицата 11 Март, преку надвозникот, продолжуваат лево по ул. Самуилова до раскрсницата со ул. Лазар Личеновски во правец на мостот Гоце Делчев, од каде се враќаат преку бул. Илинден до фонтаната Лотус кон Градски Парк каде што ќе се одвива главниот настан. Во прошетката покрај граѓаните на град Скопје активно учество ќе земат и поддржувачи на Борка од повеќе градови во Република Македонија, кои организирано со автобуски превоз ќе пристигнат од: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола и Тетово и др. Она што особено не радува е што оваа година кон кампањата се приклучува и неформалната група велосипедисти „На Точак кои во знак на поддршка и подигање на свеста за борба пртив рак на дојката ќе извозат рута во должина од 5 км низ центарот по што ќе се приклучат на розовата прошетка. По прошетката ќе следува музички хепенинг со богата програма.
Здружението Борка-за секој нов ден, ја известува јавноста за рутите по кои ќе се одвива Розовата прошетка 14 и Розовото возење со велосипеди кое е во соработка со неформалната групата „На Точак“ која го популаризира урбаното возењето на велосипеди, рекреацијата и здравиот живот. Возењето започнува во 10:30ч. од Градскиот Парк-Школка и на него се поканети сите кои сакаат да дадат поддршка на кампањата преку возење на својот велосипед.
Рутата по која ќе се движат велосипедистите започнува од пред Школка, кон тенискиот клуб Југ излегува на бул. Илинден и се вози во правец кон Владата на РМ, преку мостот Гоце Делчев се вози до раскрсницата кај Универзитетска библиотека и МНТ од каде се врти десно по бул. Филип Втори преку мостот Мајка Тереза покрај Холидеј Ин и Жена Парк, десно пред Собранието на РМ кон Рекорд и раскрсницата Палома Бјанка десно по бул. ВМРО до Главната Пошта од каде се врти лево на бул. Илинден пред Владата на РМ и десно по бул. Климент Охридски се продолжува кон Градски Парк.
Кампањата Напред розово и оваа година ги има своите редовни компненти, наменската веб страна Напред розово www.napredrozovo.borka.org.mk каде ќе се споделуваат сите информации поврзани со кампањата како и корисни информации за рано детектирање на болеста и што понатаму. Традиционално продолжуваме со продажбата на розовите производи: дизајнирани маички, марами, шољи, магнети, алки и привезоци изработени во боите и симболите на кампањата. За потребите на кампањата изработени се промотивни матерјали на македонски и на албански јазик, флаери, постери, тент карти, стикери, папки. Розовите производи ќе се продаваат во период од 10 до 16 мај 2014г. на повеќе локации во Скопје: Клинички центар, Клиничка болница Аџибадем-Систина, ГТЦ, улица Македонија (кафе Тренд, Пелистер и Мекиците од Стража), Веро-Тафталиџе и Супер Тинекс. Розовите производи ќе се продаваат и во градовите каде здружението има свои соработници.
Денес, 12 мај 2014г. со почеток во 12:00 часот се одржува прес конференција, во Амфитеатарот на Клиничката Болница Аџибадем-Систина, на која се обратија:
г-ѓа Биба Додева, Претседател на Здружнието Борка
г-ѓа Мери Џо Волерс, сопруга на Амбасадорот на САД во Македонија
др. Дева Петрова, онколог од Клиничката болница Аџибадем-Систина
г-ѓа. Цветанка Христова, главен бренд менаџер на Тинекс
Давор Пехчевски и Верче Милановска, претставници на групата „На Точак“
Ѓ-ѓа Биба Додева, во своето обраќање ја најави шестатта по ред Розова Прошетка која годинава има изменета рута, а главниот настан ќе се случува во Градски парк – Школка. Во продолжение Додева зборуваше за значењето од подигнување на свеста кај населението за ракот на дојка, поддршка на заболените од рак на дојка, нивните семејства и пријатели. Посебно беше нагласена потребата и значењето на кампањата Напред розово преку која населението се едуцира за навремените прегледи, важноста за раното откривање на карциномот како и навремената и современа терапија, влијае врз подигнувањето на свеста на населението за ракот на дојка како потенцијално излечива болест доколку навремено се дијагностицира и третира.
Г-ѓата Мери Џо Волерс сопруга на американскиот амбасадор Пол Волерс истакна дека Амбасадата на САД во Македонија уште од самиот почеток е во поддршка на оваа кампања. Г-ѓа Волерс ги пренесе искуствата од САД каде превентивните прегледи помогнале да се намали бројот на смртни случаеви од рак на дојка.
Давор Пехчевски и Верче Милановска од неформалната група „На Точак“ истакнаа дека нивната група оваа година прв пат се приклучува на кампањата Напред розово и на тој начин даваат поддршка и го промовираат здравиот начин на живот, рекреација и урбаното возење.
На прес конференцијата меѓу другото ќе биде промовиран и видео спотот за кампањата. Видео спотот е изработен од Горила Филмс во режија на Весна Кушлеска и директор на фотографија Ѓорѓи Полизов. Спотот е снимен на локација Арена Пеинтбол Драчево, Скопје. Она што посебно сакаме да го потенцираме за видео спотот Напред розово 14 – Храброста има боја е учеството по прв пат во него на 10 жени кои го победија ракот на дојката.
Здруженито Борка со посебна гордост и задоволство најавува дека кон кампањата се приклучуваат голем број на фирми од Република Македонија со што се потенцира нивната корпоративна и општествена одговорност. Кон кампањата Напред розово која редовно ја организираме со Амбасадата на САД во Македонија оваа година се приклучи и Клиничката болница Аџибадем Систина.
Поддржувачи на кампањата оваа година се: Бимилк, Бифрут, Тинекс, Осигурување Македонија, Алкалоид,Т мобиле, Новартис, Ре медика, Комерцијална Банка, и Медикус Хелп.
Медиумски поддржувачи на кампањата за 2014 година се дневните весници: Дневник, Вест, Утрински весник, Вечер и Слободен печат и неделникот: Теа Модерна; телевизиските станици: Алфа ТВ, МРТ, Сител, Тера; радио станиците: Клуб ФМ, Метрополис радио, Радио Слободна Македонија, Сити радио, Фортуна ФМ и веб порталите: Дејли.мк, Кајгана, Офф нет, Плусинфо, Прес24, Република, Родители и деца, 365, Коолтура и ВистинаМк.Централниот настан ќе се одвива во Градскиот парк кај Школка со почеток во 11:00 часот. Присутните ќе ги поздрават со краток говор: Биба Додева, Ма