Селекторот на босанската репрезентација, Драган Марковиќ, на прес конференцијата по мечот се трудеше да го избегне признавањето на поразот и во неколку наврати имплицираше дека неговите играчи загубиле поради разни други причини.Тој започна со иронична честитка, за потоа да рече дека на почетокот губеле „не по своја вина“, а за македонските играчи оцени дека биле подобри само во искуството.
– Најпрво да им честитам на противниците, да речеме така, на заслужената победа. Многу сум горд на својата екипа и на она што денеска го покажаа. Ова е прв меч во кој ја надминавме почетната нервоза, особено во првото полувреме кога губевме со 6:1 не по своја вина. Успеавме да го сочуваме својот мир и да се вратиме во средбата. Мислам дека екипата со својата игра покажа дека треба да ја видиме во вториот круг, денеска не бевме послаби од Македонија, ако игравме нерешено ќе беше реален исход. Во еден момент ние бевме подобри во одбраната, во друг дел подобра беше Македонија, па најреално заслуживме најмалку еден бод. Се покажа дека моите млади играчи поминуваат низ еден период на созревање, за нив е ова прво големо натпреварување, се гледа дека искуството е голема работа. Тука беа македонските играчи беа многу подобри, поискусни,- гласи комплетната изјава на кормиларот на босанската репрезентација, пренесува Дерби.мк.Тој започна со иронична честитка, за потоа да рече дека на почетокот губеле „не по своја вина“, а за македонските играчи оцени дека бил