Божиќниот базар „Подари Среќа“ ќе ја врати магијата и традицијата на купување новогодишни подароци на Улица Македонија

Под покровителство на Град Скопје и во организација на Конгресен центар „Александар Македонски“ и оваа година се подготвува интересна содржина за жителите на градот, по која ќе ја запомнат 2016 та година. Од 24 ти декември се отвора портата на Новогодишниот базар на улица „Македонија“ во Скопје. Базарот кој ќе трае 8 дена со себе ќе ја донесе новогодишната магија во главниот град.Базарот покрај понудата на интересни подароци за претстојните празници ќе im понуди на граѓаните и богата музичка програма. За најмалите е подготвена детска програма, секој ден од 10.00 до 13.00 часот. Истата вклучува новогодишна парада, дефиле на Снежната кралица, другарување со Дедо Мраз, настапи на Поточиња и Златно Славејче, многу детски игри, изведба на претставата на Брашко, дружба со Петко но и детско воодушевување преку изведбите на волшебниот настап на магионичарот Кристијан.
Музичката програмата во попладневните часови започнува со новогодишни after- work забави и завршува во 22.00 часот со настапи на македонски изведувачи. Настапите на Sarah Mace, ConTruDј, Back Door Band, Brass Brothers, Beta House Band, Eye Que, Дамјан Пејчиновски, Тајфата на Коки, Скопски Тамбураши и Тумбао Салса Бенд се само дел од програмата. Улица Македонија овие денови ќе има целосна Божиќна атмосфера и преку сетовите на, Dj Brancez, Dj Dela, Dj Bobi и други. Како одличен додаток на претпразничната забава ќе бидат и грееното вино, пивото, топлите пијалаци и топлата храна. За повеќе информации и детали во однос на програмата на Новогодишниот базар 2016 може да се посети и официјалниот настан на facebook:
https://www.facebook.com/events/158660207943898/
„Подари Среќа“ ќе биде место каде сите ќе можат да купат интересни подароци и за најблиските и пријателите. На посетителите ќе им бидат достапни рачно изработени предмети, плетени изработки, новогодишни украси, дрвени очила, божиќно цвеќе, козметика од природни состојки, чоколада, и многу други производи.
Секој кој ќе го посети базарот ќе може да купи и новогодишни хуманитарни честитки чии средства ќе се донираат во СОС Детско село, а при тоа ќе се присетат и на традицијата на испраќање на новогодишни честитки, за чија цел е “резервирано” поштенското сандаче на Македонски Пошти, лоцирано во Ристиќева Палата.
Во склоп на програмата, оваа година традиционално ќе се одржи и Дедомразовската трка на 25 ти декември со почеток во 12.00 часот. Божиќниот базар „Подари среќа“ започнува во сабота на 24 ти декември, со почеток во 10:00 часот и трае се до 31 ви декември, па за таа цел градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, ги повикува сите граѓани да уживаат во програмата.Базарот покрај понудата на интересни подароци за претстојните празници ќе im понуди на граѓаните и богата музичка програма. За најмалите е подготве

Пронајдете не на следниве мрежи: