БОЖИЌНО ЧУДО: Последните пари ги дал за бензин, а потоа ископал богатство вредно 1,6 милиони евра

Британецот Пол Колман кој е во долгови, за малку да не отиде на судбинското ископување кое му донело 1,3 милиони фунти, бидејќи едвај успеал да собере пари за бензин….Неколку часа подоцна, Колман ископал над 5.200 англосаксонски монети од 10 и 11 век, што е воедно едно од најголемите откритија во земјата.
Ова чудо се случило пред Божиќ, а благодарение на Колман, неговата сопруга сега планира да купи нова куќа.
Успеав да го убедам син ми и пријателот да ги поделиме трошоците за бензин, бидејќи за мене беше многу скапо сам да платам. Благодарение на детекторот за метал, најдов парче олово и помислив дека е ѓубре. Но, кога го погледнав подобро, забележав дека тоа е монета. Ја подигнав поголемо парче на олови и видов дека се залепени многу монети. изјавил Колман.

Овој невработен среќник, одлучил парите од продажбата на монетите да ги подели со сопственикот на имотот во кој благодарение на детекторот, Колман пронашол богатство.
Инаку, Колман со ова хоби се занимава повеќе од 40 години. Досега неговиот најголем плен вредел неколку стотини фунти.Неколку часа подоцна, Колман ископал над 5.200 англосаксонски монети од 10 и 11 век, што е воедно едно од најголемите откритија во земјата.

Пронајдете не на следниве мрежи: