Божин Павловски од кодош на македонската интелигенција до слуга на Заев

Петре М. Андреевски, Коле Чашуле, Симон Дракул, Гане Тодоровски, Љубиша Георгиевски. Долг е списокот на истакнатите македонски писатели кои биле жртви на Божин Павловски. Ваков е впечатокот по подлабоката анализа на досието на академикот Божин Павловски, кое го објави Комисијата за лустрација. Освен Славко Јаневски и Павловски редовно ги информирал службите за своите колеги, пред се фокусирајќи се на оние кои ги изразувале македонските национални чувства. На 22 ноември 1982 година во својата канцеларија Божин Павловски се состанал со агент на тајните служби, кого го информирал за активностите на лицето под псевдоним Апотеоза, како и за уште едно лице, за кое од досието може да се заклучи дека е Петре М. Андреевски.Денес Божин Павловски се претвора во сервилен слуга на Зоран Заев, негов верен поддржувач и патриот од странство на дугме. Но да погледнеме кое е минатото на Божин Павловски и да потсетиме на фрагментите со кои Павловски ја кодошел македонската интелегенција.
Апотеоза и Петре М. Андреевски во повеќе пригоди заедно и секој одделно разговарале со мене за обединета Македонија како за нешто кое треба да се оствари за кое е нужно ангажирање, нивно и на сите кои се чувствуваат како Македонци. Секогаш сум укажувал на нивната необјективност и непознавање на најелементарните сегменти на нашата историја, сум сугерирал да ја сфатат и прифатат стварноста за македонскиот народ, онаква каква што е, исклучиво во рамките на СФРЈ” – му рекол Павловски на оперативецот на УДБА. Ваквите изјави на Павлоски доаѓаат во време кога за македонски национализам многумина добивале и затворски казни.
Десетина години претходно, на 5 октомври 1971, исто така во канцелариите на издаваштвото “Мисла”, каде што Павловски директорувал, за национализам било искодошено уште едно лице, за кое според документацијата лесно може да се заклучи дека станува збор за истакнатиот писател Симон Дракул.
Мислам дека Симон Дракул е позагреан националист, има поголем авторитет, а околу себе собира и доста млади неафирмирани писатели. Сум слушал дека порано на едно литературно читање во Кочани Дракул организирал една група младинци да запалат повеќе книги. Покрај тоа Дракул настапува многу поорганизирано иако не зборува многу. На еден пленум на Друштвото на писатели Дракул се залагаше од средствата од фондот за издавачка дејност да се финансираат само делата на македонските автори, а делата на албанските и турските автори треба да се печатат и финансираат од Приштина” – забележале тајните агенти цитат од разговорот со Божин Павловски.
Во досието на 45 страници Павловски зборувал за активностите на многу лица, а меѓу нив може да се препознаат и Гане Тодоровски и Славко Јаневски, како членови на Друштвото на писатели, за кое академикот, редовно и детално ги информирал службите. На неговиот список жртви се наоѓаат и режисери, кои најверојатно се Љубиша Георгиевски и Коле Чашуле. За нив Павловски кодошел кај службите дека не дозволувале Македонија на фестивал за драма да ја претставува српска претстава.
Божин Павловски  преку медиумите на СОРОС се оправдуваше дека во неговото досие по грешка е ставен документ од обработката на лице со псевдоним Рашомон, за кое тој тврди дека е на Драган Богдановски. Останува дилемата како Павловски знаел кој се крие зад псевдонимот Рашомон доколку немал никаква соработка со тајните служби.
Извор: КурирДенес Божин Павловски се претвора во сервилен слуга на Зоран Заев, негов верен поддржувач и патриот од странство на дугме. Но да погледнеме кое е м

Пронајдете не на следниве мрежи: