Божин Павловски: Заев ќе го осакати мнозинскиот народ во сопствената држава

Развиените демократии поседуваат инструменти што ги спречуваат налудничавите политички зделкиДвојазичноста на Македонија историски успех на албанските политичари, смета академик Божин Павловски. Во колумната објавена на Плус инфо тој констатира дека свесно или несвесно Заев прави „фатална грешка со форсирање на штетен националистички закон“ како што е законот за јазиците.
„Албанските партии нема да ја пропуштат шансата да го капитализираат овој грандиозен успех. Во делириум ќе се веат знамиња со орлите, ќе се пеат патриотски песни на секоја педа од малата Македонија. Албанската нација станала рамноправна со македонската и во Република Македонија. Не граѓаните, не, тие и во иднина ќе си останат сиромашен декор на политичкото лудило. По ова враќање назад, од мултикултурна и мултијазична, што се обединува преку јазикот на мнозинскиот народ – во граѓанска држава, што е најчудесниот дострел на модерната демократија, веќе може само да се сонува.“
Филмот со демонстрирање победничко расположение пред гласачите, смета Павловски, ќе го гледаме веќе наредниот месец кога и официјално ќе започне предизборната кампања.
„Стоте македонски пратеници ќе научат барем нешто од петнаесетте албански што го легитимираат мандатот на владата. Со оваа грешка во чекори позицијата ќе ја ревитализира и својата опозиција“, пишува Павловски.
„Нема ли таму во Македонија четворни интелектуалци што ќе му предочат на Заев дека прашањето за двојазичноста ја оддалечува државата од граѓанскиот модел, дека тоа е најмалку политичко (освен при воен или друг вид пораз), дека неспоредливо повеќе е социјално, економско, емоционално, да не речам судбинско за еден мал народ кој робувал со векови и одвај стекнал простор во кој ги кодирал својот јазик, култура и идентитет.“
Неопходни се бројни анализи, дециден е Павловски, за да се согледаат предностите и последиците од „деградирањето на Македонија, која наместо граѓанска и мултикултурна ќе стане двонационална, односно двојазична“.
„Не анализи од  „политичари” туку од страна на експерти, лингвисти, социолози, историчари, економисти, правници. Никаде во светот на демократијата не се носи закон без тие стручни анализи, што може да го осакати мнозинскиот народ во сопствената држава, само заради мандатот на една влада.“
Развиените демократии поседуваат инструменти што ги спречуваат налудничавите политички зделки.Двојазичноста на Македонија историски успех на албанските политичари, смета академик Божин Павловски. Во колумната објавена на Плус инфо тој конста

Пронајдете не на следниве мрежи: