Божиновска: СДСМ и ДИК забиваат нож на демократијата

Валентина Божиновска, која синоќа се обрати на собирот пред Државната изборна комисија, ги демантира пишувањата дека во говорот споменала „ноќ на долги ножеви“.– Најостро ги демантирам и категорично ги отфрлам извадените зборови од контекст од мојот вчерашен говор. За жал, тие што не го читале Анте Поповски и останатите македонски поети, не знаат за што станува збор. Во ниту еден момент не спомнав „ноќ на долги ножеви“, напротив зборував дека СДСМ и ДИК подготвуваат и забиваат нож на демократијата и на силната волја и слободниот избор на граѓаните на Р. Македонија кои одлучија на предвремените парламентарни избори, вели Божиновска.
Повикував, додава Божиновска, на разум, а не на насилство, за жал само неуки и злобни луѓе можат да помислат дека моите зборови се повик за пресметка и да ја испревртат вистината.
– „Еве пример од поезијата на Анте Поповски:
„Долу по полено, по врбацине, до срцево
Сѐ е така и ноќ и нож в плеќи забиен,
Не ме уплашија векови со нож в туѓа рака
Ме плаши час со ноќ од рака своја в плеќи. “
„Елате момци црни мажишта, дечишта, чакали, орли од сите угари од сите добрави сите дедовци и сите колена,
Елате Да се збереме да се видиме,
Останало в крв уште од века нешто ни една лута змија в земи,
не ќе го исцица ни една тревка ни еден корен не ќе го исцица што ќе остане да ја храни оваа црна и проклета да раѓа бериќет маштија и немаштија.
 
ДА ВИДИМЕ КОЈ ЌЕ НИ БИДЕ ЦАР, КОЈ БОГ, КОЈ ЧПИУН ЌЕ НИ БИДЕ.“
– Секаква паралела се работи за свесна кампања за оцрнување од страна на СДСМ, бидејќи тоа е нивниот урнек на однесување, смислување и реализирање црни сценарија, наведува Божиновска во пишаната реакцијата.– Најостро ги демантирам и категорично ги отфрлам извадените зборови од контекст од мојот вчерашен говор. За жал, тие што не го читале Анте П

Пронајдете не на следниве мрежи: