Во Европската Унија не се користи зборот федерализација, но има одредени струи кои стремат кон тоа, така е и кај нас, не се употребува зборот федерализација, но се стреми кон тоа, вели во емисијата „Радио Полиграф“ на Радио Слободна Македонија, политикологот и аналитичар Владимир Божиновски.Според него, СДСМ не мора да го употреби зборот федерализација кога ветува, но постапките и понудите кон албанското гласачко тело де факто значи приод, односно движење кон федерализација.
-Заев ќе привлече албански гласачи, но на сметка на тоа ќе изгуби поголем број македонски гласачи, истакна Божиновски.
Како пример за федерации во Европа тој ги спомена Швајцарија и Белгија, но вели дека двете држави се збир на повеќе територии кои решиле да се здружат, а не биле една целина која се раздвоила на кантони.
Божиновски потенцира дека Македонија била Македонија, и како таква територија егзистирала стотици години.Според него, СДСМ не мора да го употреби зборот федерализација кога ветува, но постапките и понудите кон албанското гласачко тело де факто значи пр