Радан Канев, потпретседател на партијата Демократи за силна Бугарија, не е одушевен од пораките од вчерашното заседание на Синодот на Бугарска православна црква (БПЦ) околу Македонска православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА).„Простете, но не го делам ентузијазмот околу позицијата на БПЦ. Со дипломатски јазик, тоа е учтиво, срдечно, но категорично одбивање. ‘Ќе се потрудиме Грците, Србите и Русите да ве признаат’ значи ‘на куково лето’“, напиша на својот профил на „Фејсбук“ пратеникот во претходниот состав на Народното собрание на Бугарија.
„И не, прашањето не е канонско, туку политичко. Бидејќи руската и српската црква се такви. Бидејќи тие (и Грците) се политички инструмент на своите држави. А нашата се колеба меѓу улогата на духовен инструмент на верниците (што е прекрасно) и политички инструмент на… друга држава. Се плашам дека БПЦ свесно и невешто го заборава и го остава своето минато. А Бугарска егзархија – таа што ги постави основите на нашата националност и државност, која буквално ги просветлува и ги обликува границите на нашата модерна нација, која ги спасува нашите Евреи и чии што маченици сè уште не ги славиме – е шизматична. Како и денешната МПЦ, таа не е призната. Егзархијата е плод на два политички чина – на волјата на мирјаните од Македонија до Добруџа и на еден султански декрет. Искажаната намера од Синодот да води дипломатија преку комисија, во која најмалку двајца се отворени странски агенти, нема да ја надмине изолацијата на МПЦ. Најмногу ќе доведе до признавање на врховноста на Српската патријаршија, т.е на политичката окупација на вардарските епархии од пред еден век. Се прашувам, зошто прашањето да не биде решено така како што се дефинирани границите на Егзархијата – преку плебисцит на мирјаните, а не преку договор зад дебели врати?“, вели Радев.„Простете, но не го делам ентузијазмот околу позицијата на БПЦ. Со дипломатски јазик, тоа е учтиво, срдечно, но категорично одбивање. ‘