БРАЧЕН ПАР ВО ШОК, откако ја прочитале веста: Мислат дека се на чекор до расчистување на мистеријата која ги мачи уште од 1993

Кога Драгица и Горан Плауц од Тузла, минатата недела ја прочитале веста од интернет на австрискиот „Грац“ дека 42-годишна жена од Србија се фрлила од третиот кат од зграда со пет-годишна ќерка, покрај оваа трагедија, тие биле шокирани и со остатокот од статијата која ја прочитале на интернет порталите.Имено двојката Плауц од веста дознале дека несреќната жена имала и два сина, близнаци, кои се викаат, како што е наведено, Зоран П. и  Драган П., исто како и синовите на Драгица и Горан по кои тие трагаат уште од 1993 година. година, кога на двојката во Универзитетскиот клинички центар во Тузла,им кажале дека нивните синови починале неколку часа по раѓањето. Но, тие не веруваат во тоа трагаат по нив.
Драгица вчера за „Дневни Аваз“ изјави дека читајќи ја оваа вест, “останала без здив”, бидејќи е убедена дека ги пронашле децата за кои таа и нејзиниот сопруг  чувствуваат дека се живи и дека тие се жртви на трговија со деца. Вели дека особено и било тешко кога ја видела сликата на која е Драган П., за кој  претпоставува дека е нејзиниот син.
– Сите кои знаат дека ги бараме нашите близнаци со години, се посомневаа дека станува збор токму за моите деца, а од минатата недела се обидуваме  да дојдеме до некои информации, но сега за сега тешко ни оди. Луѓето ни ветуваат помош, а потоа ќе се повлечат. Не знам зошто. Јас сум во шок уште од минатата недела и секој пат кога ќе го прочитам тоа, се се поклопува. А  можеби и јас сум полудела од големата желба да ги најдам своите деца. Не знам ни самата – раскажува потресена Драгица.

 
Додава дека состојбата на нејзиниот сопруг, Горан, кој бил ранет во војната како припадник на Армијата на БиХ, се влошила од возбуда и помислата дека би можело да влезат во траг на децата за кои со години им велеле дека се мртви. Но овој брачен пар никогаш не добил доказ дека нивните близнаци навистина починале.
Дури минатата година тие дознале дека нивните деца, кои тој  5. 8. 1993 година се родени и кога тие само неколку часа после раѓањето биле прогласени мртви во Канцеларијата на Секретарот во Тузла поседуваат изводи. Тогаш и дознале дека им биле дадени имињата Зоран и Драган.
На изводите на децата наведено е погрешно презимето Планц, а така го завеле и презимето на на Драгица по породувањето. Минатата година брачниот пат Плауц откриле дека нивните деца не се погребани на гробиштата во Тузла , како што е наведено во документацијата до која што дошле.
Парот Плауц  овој случај го пријавиле и во Државната агенција за истрага и заштита (СИПА) БиХ.
Ниту во Матичниот уред во Тузла  не можело да се добијат одговори на прашања во врска со тоа кој ги запишал близнаците во матичната книга на родени и кој им ги дал имињата.Имено двојката Плауц од веста дознале дека несреќната жена имала и два сина, близнаци, кои се викаат, како што е наведено, Зоран П. и  Драган

Пронајдете не на следниве мрежи: