Брачна двојка од американската сојузна држава Пенсилванија и нивните три малолетни деца, се пронајдени мртви во нивната куќа, соопшти локалната полиција.Во соопштението на полицијата се вели дека станува збор за „трагичен домашен инцидент“ и „видлив случај на убиство и самоубиство“.
Родителите Марк и Меган Шорт, како и нивните деца на возраст меѓу осум и две години, починале од истрели од огнено оружје.
Семејството стана познато во американската јавност во 2014 година, кога на најмалото дете, тогаш уште бебе, мораше да му се изврши трансплатација на срцето.
Подоцна стана јасно дека семејството од тогаш имаше постојано проблеми со обезбедувањето на медикаментите кои се неопходни при вакви интервенции за да се спречи организмот да го отфрли новото срце.
Според весникот „Њујорк Тајмс“, ваквата состојба во семејството предизвика мајката Меган да доживее тежок психолошки стрес, поради што морала да зема лекови и да се лекува.
Соседите изјавиле за новинарите дека често пати слушале расправии од куќата на семејството Шорт, како и закани од мајката дека ќе го напушти сопругот.
Полицијата потврди дека во куќата било најдено проштално писмо, како и огнено оружје покрај едниот од родителите, но засега не открива за кого станува збор.Во соопштението на полицијата се вели дека станува збор за „трагичен домашен инцидент“ и „видлив случај на убиство и самоубиство&