Брачна двојка повика полиција бидејќи „мачката ги држи како заложници“

Полицијата од американската сојузна држава Висконсин беше изненадена откако прими повик од брачна двојка која побара полициска интервенција бидејќи нивната мачка ги „држи како заложници“.На аудиоснимката која е објавена на интернет, може да се слушне паничен глас на жена откако повикала 911.
„Знам дека можеби ќе звучи чудно, но ние во моментот сме заложници на мачката во нашата куќа. Мачката здиве и го нападна мојот сопруг, полудена е. Не знаеме што да направиме, како да се ослободиме од мачката?“ – запрашала жената чиј идентитeт не е објавен.
Дежурниот полициски диспечер прашал дали станува збор за мачка која е нивен домашен миленик, а жената одговорила потврдно. Полицајците по доаѓањето во куќата на споменатата брачна двојка „ја смириле и отстраниле“ двегодишната мачка, а мажот и жената не се здобиле со никакви повреди.
„И порано имаше чудни повици, но ова е еден од најчудните. Никогаш не сме имале жалби на животни кои се домашни миленици“ – навеле од полицијата.
Според американското здружение Pethelpful, мачката е премногу мала за да зададе смртоносни повреди или да убие возрасно лице. Здружението тврди дека мачката е способна единствено да му наштети на новороденче, иако такви случаи со смртен исход нема во поновата историја на САД.На аудиоснимката која е објавена на интернет, може да се слушне паничен глас на жена откако повикала 911.
„Знам дека можеби ќе звучи

Пронајдете не на следниве мрежи: