Брак исполнет со перверзии и педофилија: Дали е ова крај на патот на Хилари кон Белата куќа?

Хума Абедин е најблиската соработничка на Хилари Клинтон, но нејзиниот брак со перверзниот Ентони Вајнер би можел да ги влоши изгледите на Хилари за влез во Белата Куќа.Претседателската кампања на Хилари вчера сериозно беше разнишана откако официјалните лица на ФБИ изјавија дека е-мејловите релевантни на истрагата околу употребата на приватен сервер за електронска пошта од страна на Клинтон се откриени на компјутерот на поранешниот сопруг на Абедин, Ентони Вајнер.
Хума знаела дека нејзиниот сопруг е склон на перверзно и настрано сексуално однесување, но не можела ни да замисли на кој начин тоа ќе влијае не само на нејзиниот живот и кариера, туку и на кариерата на жената на која и посветила голем дел од својот живот.
Нејзиниот брак е поврзан со скандалот околу тајниот сервер на Хилари, откако ФБИ дојде до тајните електронски пораки поврзни со случајот што се истражува.
Абедин и нејзиниот сопруг Вајнер веќе неколку пати беа во центарот на вниманието заради фактот дека Вајнер често испраќал пораки и неприкладни фотографии на жени и на малолетни девојки кои никогаш не ги ни запознал.
Тајните на Вајнер излегоа на виделина кога Дејли мејл, на 21.9. објави докази за негово допишување до 15-годишно девојче, и на основа на тоа е покрената истрага. Тој сето тоа време знаел колку години има, но и покрај тоа продолжил со испраќање пораки каде фантазира за тоа како ја силува.
За тоа време тој се уште беше оженет, иако Абедин најави развод заради секс-скандалот.
Абедин инаку е муслиманка, а Вајнер е евреин. Нив ги венчаше самиот Бил Клинтон во 2010 година во Њујорк, а Хилари беше организатор на забавата. Парот изгледаше незапирливо.
Таа изгледаше гламурозно, а Вајнер ги воодушеви сите со своите говорни вештини. Тие вешто се претставија со помош на новата технологија што ги прикажа во најдобро светло. Но, на крајот истата таа технологија ги чинеше брак бидејќи благодарение на неа нивните гнасни тајни се проширија на социјалните мрежи.
Овој пар во чии раце е огромна моќ и доверба на претседателската кандидатка, се соочи со секојдневно откривање на валканите работи пред сите. Не беше потребно долго за да се открие настраниот порок на Вајнер…А истрагата само што започна.Претседателската кампања на Хилари вчера сериозно беше разнишана откако официјалните лица на ФБИ изјавија дека е-мејловите релевантни на истрагата

Пронајдете не на следниве мрежи: