БРАК НА ОДРЕДЕНО ВРЕМЕ, ВЕНЧАВКА ПО СМРТТА: Ова се најнеобичните видови на бракови кои постојат!

Истополовите бракови се нешто што во многу земји денес е многу нормално и легално, но, секако, не знаете какви се чудни бракови постојат  во светотПротивниците на истополовите бракови тврдат дека традиционалниот брак е меѓу маж и жена и е универзален стандард, и единствениот прифатлив облик на брак откако постои човештвото. Вистината е дека тоа е само делумно точно, бидејќи необични браковисе склучувале отсекогаш.
Браќа се ожениле со истата жена
Полиандрија е форма на брак во кој една жена има неколку мажи, и како по правило е многу ретка, се практикува само во оддалечените делови на тибетските висорамнини. Таков брак се склучува со цел да се зачува семејниот имот во подрачја со ограничени количини на обработливо земјиште, а со висока стапка на наталитет. Најчесто браќа се женат со иста жена и сите живеат под ист покрив. Нивните деца најстариот маж го вика татко,аостанатите чичко.
Низ историјата, полиандријатабила почеста во области на Арктикот и на Амазон, тоа главно се должи на климатските услови и недостатокот на плодни жени. Предноста на овој тип на брак е чувство на сигурност која ја даваат мажите во куќата, а истражувањата покажуваат дека децата со повеќе татковци имаат поголема шанса да преживеат во дивината.
Брак „на одредено време“
„Додека смртта не нè раздели“ неважи во сите култури. „Nikah mut'ah“е назив за брак кој е ограничен на одредено  време и бил популарен во стариот исламски свет. Бракот се гледал како договор помеѓу еден маж и една жена, кои се договорат однапред колку време ќе поминат како брачни другари.
Мажот треба да се ожени со жена привремено, муслиманка христијанка или еврејка, само под услов таа да е невина, додека муслиманските жени смееле да се омажат самосо маж од иста вера. Ако мажот е веќе во брак, тој морал да бара дозвола за да влезе во нов брачен „договор“. Некои документи откриваат дека пророкот Мухамед бил еднаш во овој вид на брак. Денес, „nikah mut'ah“ се практикува само во Иран како параван за проституција.

 

Свадба по смртта
Во многу делови на светот, е вдозволено брак со мртов човек, па дури и да се ожени со два покојника. Поради оваа причина, се почести грабежите на гробови – на починати немажените жени тие се ископуваат од гробниците за може по смртта мажите да се оженат со нив. Причините за ваквите бракови се различни, некаде се смета  дека постариот брат мора да се оженипред помладиот  и доколку постариот брат умре, тој се жени постхумно за неговиот дух да не го прогонувапомладиот.
Во Сингапур, се почести ваквите браковипо барањата на нивните семејства. Кај овие бракови, исто така е можен и развод. Во некои случаи, во рамките на една церемонија се изведуваати погребот и свадбата. Во јужниот дел на Судан, ако едно лице умира без наследници, обичај е ноговиот дух да се ожени со жената на својот брат, чие прво дете, тогаш е наследникот на починатиот.
Венчавки на деца
Во средновековна Европа девојките често стапувале во брак на 12 години, кој во тоа време не бил изненадувачки, со оглед на фактот дека тогаш животниот век бил пократок. Сепак, постојат крајности каде што старосната граница се поместувала дури и на седум години. Поимот на детството не постоел, па луѓето се сметале за возрасни веднаш штом тие престанат да бидат физички зависни од мајката, обично, помеѓу пет и седум години.
Иако овој вид на брак во Европа веќе не се практикува во други делови од светот е сеуште е актуелен. На пример, во Јужна Азија, Западна и Источна Африка и во некои делови на исламскиот свет, девојчинјата се принудени на брак или ги продаваат во брак со многу постари мажи, за да се отстранат од финансискиот товар на нивните семејства.
Класичен истополов брак
Иако оваа тема е релативно нова и уште контроверзна брачна заедница меѓу истополови луѓе, вакви бракови постоеле уште од античките времиња. Император Нерон како што велат списите имал раскошна геј свадба, поетот Марцијал  уште во тоа време во песните ги опишал истополовите бракови, кој во тоа време биле строго забранети.
Стари католички и православни цркви практикувале т.н. „склопување на братство“, во јужниот дел на Кина таквите церемонии, биле дозволени во времето на династијата Минг, додека во Америка, таа форма на брак заживеала во 19-тиот век и се нарекувала„Бостонски брак“. Историја на истополовите бракови е навистина долга, и тие никогаш не биле нормални и за нив се говорело во завиена форма, исто како што е случај и денес.Противниците на истополовите бракови тврдат дека традиционалниот брак е меѓу маж и жена и е универзален стандард, и единствениот прифатлив облик на

Пронајдете не на следниве мрежи: