Еднојајчени близнаци се запознале со еднојајчани близначки кои ги побарале за жена во ист ден, а денес имаат близначиња.Во ист ден и се венчале, а денес сите заедно живеат куќа до куќа во Хјустон.
Оваа необична семејна приказна започнала на една конвенција за близнаци во Охајо во 1998 година, каде Марк ја запознал Дарлин и се заљубил на прв поглед. Со нив на конвенцијата биле и нивните близнаци Крег и Дајана кои подоцна се запознале и самите тие се заљубиле.
„Бев во предворјето на хотелот кога првпат ги видов Дарлин и Дајана. Крег беше некаде во хотелот, работеше, а јас морав да одам по него затоа што се плашев дека двете ќе помислат дека сум некој самец кој им се пушта на близначки. Морав да им докажам дека имам двојник некаде“, се присетува Марк.
Не само што ја запознал својата идна сопруга Дарлин, туку му помогнал и на неговиот брат да ја запознае неговата. Тие имале заедничка венчавка во 1999та, откако браќата ги побарале за жени двете сестри во ист ден.
Тука не заврила приказната за ова семејство, па Крег и Дајана во 2001 година ги добиле близнаците Колби и Брејди. Двете семејства сега живеат едни до други во Хјустон, а Крег и Дајана имаат уште еден син, а Дарлин и Марк имаат две ќерки.Во ист ден и се венчале, а денес сите заедно живеат куќа до куќа во Хјустон.
Оваа необична семејна приказна започнала на една конвенција за